Разговор за Википедија:Одземање на администраторски статус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Правила за гласање[уреди извор]

Напомена:Правилата за гласање и критериумите за номинација да се препишат тука, во соодветните секции.

Како што напомена Слободан, пред да се започне со гласање, треба да се дефинираат правила како ќе се изведе гласањето. Ова би одело како начело за евенутални идни случаи.

  1. Кој смее да гласа
  2. Какво мнозинство е потребно за гласањето да биде успешно
  3. Времетраење на гласањето
  4. Должина на забрана за користење на администраторски привилегии - ограничено (X месеци), неопределено
За првите три, се сложувам целосно. За четвртото, не сум сигурен како би се извело ова: привилегиите ги одзема стјуард, а повторно ги доделува бирократ (јас, Милош, или Boyan). --FlavrSavr (разговор) 23:36, 15 мај 2013 (CEST)

Мој предлог:

  1. Регистрирани корисници повеќе од 30 дена, со најмалку 500 уредувања во главниот именски простор
  2. 75%
  3. 7 дена
  4. зависи од корисникот кој го поднесува барањето

Мои мислења:

  1. да гласаат само администратори (може сум во грешка)
  2. ок е ова
  3. и ова е ОК,
  4. забрана за користење на администраторски алатки за три месеци (може и без одземање на администраторските права, а ако го прекрши ова ќе се одземат накнадно). За враќање на правата не е проблем, 5 бирократи се.

Јас пак не би одел со ова решение (гласање за одземање), но ете сте го отвориле.--Никола Стоіаноски 23:42, 15 мај 2013 (CEST)

Доколку одиме на ваков начин да ги определуваме правилата мое мислење е следното:

  1. Регистрирани корисници повеќе од 30 дена, со најмалку 500 уредувања во главниот именски простор бидејќи за избор на администратор глсаат не само администратори туку и останатите корисници кои имаат доволен број на уредувања.
  2. 75% доколку одиме според консензусот
  3. 7 дена, период колку што трае избор на администратор или оценувач
  4. Овде сакам малку да искоментирам... Ова барање е поставено за целосно отстранување на администраторски права на Brest. Ова го направив за да се забрзи постапката и да нема потреба од бесконечни коментари, дискусии и надмудрувања. Доколку некој смета дека треба да се намалат неговите права или да се блокира на определен период, мислам оти е подобро истото да се побара како официјално доколку не, истото јас ќе го поднесам само за да се заврши ова што поскоро (ЗА или ПРОТИВ) и сите да се посветите на вашето драгоцено време кое го имаме/имате за уредување на Википедија.Морам да потенцирам дека продолжувате со коментари кои водат кон бескрајно решавање на проблемите--Тиверополник (разговор) 09:07, 16 мај 2013 (CEST).
  • Според мене, доколку Димче му се извини на Кирил, нема да има потреба од сите тие процедури, т.е. работата би се завршила по мирен пат. Само треба да се има на ум што би изгубила заедницата доколку потполно му се одземат правата на Brest. Ако дојде до гласање или арбитража во секој случај ќе има онеправдана страна.--Вик Ретлхед (разговор) 10:02, 16 мај 2013 (CEST)
Вик Ретлхед треба сите да разберат дека Кирил само поднесе образложение за однесувањето на Brest од каде тргна работите. Ова не значи дека Кирил е за отстранување на Брест. Јас поднесов барање за отстранување на администраторски права но не значи дека сум ЗА истото. Ако некој од нас греши нема потреба да се извинува бидејќи секој треба да сноси одговорност посебно ако е на таква висока позиција.--Тиверополник (разговор) 10:16, 16 мај 2013 (CEST)
Зборот ми беше дека и Кирил најверојатно би бил задоволен со таков епилог. И секако, верувам дека Брест ќе се согласи во иднина да не постапува така. Барем мене тој начин ми се чини најповолен.--Вик Ретлхед (разговор) 10:29, 16 мај 2013 (CEST)
Една работа со сигурност ја знам (така е во правниот систем, прашајте адвокат, не мора да ми верувате), а тоа е дека тој што изнесува обвинување, треба веднаш да предложи и мерка. Во спротивно, сите прочитале, примиле на знаење, и тука може да се заврши дури и без дискусија. Значи, Никола и Милош убаво го прашаа Кирил, зошто не изнесува предлог-решение? Јас тоа што го прочитав како обвинување, го сфатив како `јавна опомена`, и така и коментирав.
Во врска со одземање на администраторски права на не-активен администратор, имаше стара дискусија по темата пред многу години. Мене ми личеше тогаш на почеток како `добра мерка`, но после дискусијата (извинете, не би можела да ја најдам, а мора да е овде на Википедија) се убедив дека не е така: администраторски права добил корисник заради своите придонеси на овој проект, а тоа што не е активен од било која причина, не значи дека прекршил некои правила, па треба да е `казнет` со одземање на администраторските права. Не заборавајте: Ивица, Милош, Слободан, Бојан Манчев и Димче (пропуштам некој сигурно) се луѓето кои го поставија проектов `на нозе` во прв ред.
Што се однесува пак до поставеното барање за одземање на правата на корисникот Брест, сметам дека со право Милош го запре гласањето, додека да се дефинираат правилата за гласање. Поздрав --Виолетова (разговор) 14:51, 16 мај 2013 (CEST)
Би сакал да да дадам одговор на горенаведените коментари. Прво, извинување во една ваква ситуација треба да се смета како најобична човечка реакција по сето она коешто се има случено. Се разбира дека јас би бил задоволен со еден таков епилог, но мислам дека не сум јас оној којшто треба да добие извинување. Наведов неколку ситуации во коишто имало спор со Brest и во коишто не сум бил задоволен од неговото однесување, но сепак не сметам дека тој мене толку ме навредил па да мора да ми се извини. Веќе кога се спомена извинување, јас сметам дека човечки е Brest да сноси целосна одговорност од неговата непромислена изјава дека некои корисници „одработуваат“ за некој друг да заработи пари и јавно да им се извини на сите засегнати корисници и воопшто на целата Вики-заедница. Ако сметате дека јас можам да придонесам во составување на предлог-решението, иако сум поднесувач на барањето, тогаш предложувам едно вакво извинување задолжително да биде дел од исходот од оваа ситуација. Второ, не се согласувам во целост со тоа дека обвинувачот секогаш предложува и соодветни мерки и казни. На пример, јас ако обвинувам некого за нешто на суд не предложувам мерки и казни, туку чекам одлука во врска со тоа да донесе самиот суд. Слично е и овде, каде што таквата улога треба да ја има арбитражниот одбор, а доколку истиот не постои, тогаш тоа е работа на самите администратори. Не е коректно од моја страна да си играм „кадија тужи, кадија суди“ и да кажувам што треба да се прави.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:18, 16 мај 2013 (CEST)

Кирил, токму на суд се прави така (веројатно не си видел тужба составена од адвокат? јас имам неколку...): го обвинувам тој и тој за сторено тоа и тоа, доказ е ова и она, и барам од судот да донесе пресуда ваква и ваква. А каква пресуда ќе донесе судот, е сепак оставено на нив. Но добро, јас би резимирала (во мое име) после твоево искажување дека извинување (до кого и да треба), јавна опомена (веќе се случува), и прифаќање од страна на корисникот Брест да не се прекршуваат желбите на заедницата со пуштање на ботот без взаемен договор, е сè што е реално да се бара засега. Поздрав --Виолетова (разговор) 16:47, 16 мај 2013 (CEST)

Не сум видел досега обвинување и ќе прифатам дека е така. Но, сметам дека би било многу непристојно од моја страна да предожувам нешто и да давам предлог што треба да се прави.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:51, 16 мај 2013 (CEST)
Многу го тупите, ќе има гласање или не... Мислам дека вики заедницата има право да се изјасни...--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 22:49, 16 мај 2013 (CEST)

Ај сега, го тупиме, хахааа! Ајде да се дефинираат правила на гласање. Почнаа FlavrSavr и MacedonianBoy. Нека се изјасни заедницата за правилата, па да може да бидат употребени. Што се однесува до правилата, јас го поддржувам предлогот што е веќе поставен:

  1. да гласаат само администратори
  2. 75% од нив да се изјаснат
  3. 7 дена трае гласање
  4. забрана за користење на администраторски алатки за три месеци (може и без одземање на администраторските права, а ако го прекрши ова ќе се одземат накнадно) . -- Виолетова (разговор) 18:59, 17 мај 2013 (CEST)
Зошто да гласаат само Администратори... Брест не се одесува аргоантно само со администраторите, туку и со останатите уредувачи на вики... Отука и тие треба да гласаат, за да го кажат своето мислење за работат на овој администратор... Време беше некој да го покрене прашањето за Брест... --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 21:33, 17 мај 2013 (CEST)
ОК, мој предлог за конечно решение:
  1. да гласаат корисници кои се активни (уредувале во последните 30 дена и имаат над 500 уредувања)
  2. 75% да биде кворумот
  3. 7 дена да трае гласањето
  4. резултат од гласањето би било: забрана за користење на администраторски алатки за три месеци (може и без одземање на администраторските права, а ако го прекрши ова ќе се одземат накнадно) и силно набљудување врз тоа дали корисникот влегува во спорови со останати корисници (пак ако се прекрши се одземаат правата). Правата се одземаат за секогаш. Секој корисник може да пријави на Википедија:Огласна табла за администратори ако увиди дека корисникот ги прекршува одлуките на заедницата.
  5. бришење на пренасочувањата на странски јазици

Ова е решение за овој случај. Секои наредни спорови на корисници предлагам да се решаваат вака (со т.н. медијација), бидејќи во скоро време тешко дека арбитража ќе создадеме. Овие правила за гласање ќе се префрлат во проектната страница за отстранување администраторски права и ќе важат за сите. Критериумите ќе ги преземеме од англискаата Википедија бидејќи би биле истите. Дали се сложувате со ова?--Никола Стоіаноски 21:50, 17 мај 2013 (CEST)

Коментар  Веќе кога се утврдуваат правила за гласање, претпоставувам дека истите ќе бидат применувани и во иднина како општи правила за гласање, па затоа ја чувствувам потребата да се вклучам и да дадам свое мислење. Мојот предлог е следниов:

  1. правото на глас да го имаат сите корисници коишто создале корисничка сметка пред најмалку шест месеци и имаат повеќе од 500 уредувања;
  2. кворумот да изнесува 75% од гласовите;
  3. гласањето да трае 7 дена;
  4. резултатот да биде целосно одземање на правата освен ако заедницата не пропише поинаку;

Во врска со првиот критериум, мислам дека активноста не е добро да се воведува како криетериум, бидејќи во тој случај право на глас би немале повеќе од половина од администраторите, па за одземањето би одлучувале корисници коишто не се администратори, што мислам дека не е најсоодветно решение.

Што се однесува до четвртиот критериум, најдобро ќе биде самата заедница во дискусија да предложи мерки како решенија на спорот и потоа заедницата да гласи за некое или некои од нив.

Понатаму, не знам зошто постојано се споменува бришењето на пренасочувањата кон странски јазици. Ова би требало да се однесува конкретно на корисникот Brest и управувањето со Brest-bot, но не гледам како технички би се извело бришењето на тие пренасочувања. Веќе ако казнувате некој со одземање на правата, тогаш бидете свесни дека тој потоа нема да смее или може да ги користи администраторските права и со тоа нема да може да брише страници. Сепак, се надевам дека Никола има план како да се изведе тоа бришење и претпоставувам дека самиот е заинтересиран да го спроведе тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:51, 18 мај 2013 (CEST)

Зошто да не, кога и тоа е споменато од Бојан. Не се само твоите жалби наведени, така што мислам дека треба да стигнеме до консензус што ќе правиме со тие пренасочувања бидејќи очигледно сметаат на тие што се изјаснија тука. Од технички аспект ќе видиме како ќе го средиме тоа. Се согласувам со твоите предлози во целост, освен за последното. Дали целосно да му се одземат правата или да одиме со другата варијанта: мониторинг и опомена па одземање на правата ако се прекрши „казната“.--Никола Стоіаноски 15:56, 18 мај 2013 (CEST)
Проблемот во врска со пренасочувањата постои, но ако сметаш дека треба да се пожалиш, тогаш тоа ќе го направиш на местото каде што тоа го направивме јас и Бојан. Ова е место за да се разговара за критериумите, не за она за коешто треба да се жалиме. Покрај тоа, кога веќе споменуваш нешто, тогаш мора да знаеш како истото може да се изврши; во спротивно, подобро е да не го споменуваш. Те молам наведи како мислиш дека ќе се бришат пренасочувањата, па потоа ќе земеме да го разгледуваме предлогот сериозно. Ако сакаш може да сметаме дека ти ќе бидеш тој којшто ќе ги брише пренасочувањата.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:13, 18 мај 2013 (CEST)
Кирил ај те молам разгледај низ минатите разговори кој се жалел највише за ова? Ќе видиш или да ти дадам линк? Ја не се жалам, и не ми смета Брест, ти се жалиш. Јас давам предлози за решавање на поплаки кои ти и Бојан ги претставувате тука, не сум јас тој што се жали. Критериумите за гласање горе доле се веќе познати, освен последното: целосно одземање на правата или мониторинг со забрана. Можеш да дадеш предлози како да се избришат тие пренасочувања, инаку знаеме за што зборуваме тука. Прво да се договриме дали да ги бришеме, а за бришење ќе видиме подоцна.--Никола Стоіаноски 16:33, 18 мај 2013 (CEST)
Точно е дека се жалиме јас и Бојан, а ако немаш ти ништо да се пожалиш, тогаш воопшто нема да ги споменуваш пренасочувањата кога дури ни самиот не знаеш што да се прави со нив. Ајде да не те потсетувам јас на твојата дискусија со Brest пред две години. Не сакам да си играме „валкана игра“, во којашто секој има нешто против Brest, но само јас и Бојан сме оние коишто се жалиме и сме негови непријатели, а сите останати ќе гледаат поплаките да ги направат критериуми и решенија за проблемот, само за да докажат дека се добри и пријателски расположени. Така, нема да може. Инаку, мојот предлог е да се бришат пренасочувањата, а бришењето на сите пренасочувања да го извршиш ти.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:42, 18 мај 2013 (CEST)
P.S. Ме интересира само ако јас сега поднесам барање за да ми бидат одземени администраторските права, а искрено планирам да го направам тоа, кои ќе бидат решенијата на проблемот? Ќе ми смислувате ли и мене посебни критериуми?--Kiril Simeonovski (разговор) 16:46, 18 мај 2013 (CEST)
Е сега да те потсетам што си пишал и како си гласал за тие пренасочувачки страници. Знам што ми пишал Брест во минатото, знам што сум му пишал. Ова не се измислени правила, туку мерки кои веќе се употребуваат на англиската Википедија. Од таму е идејата. А за твоето барање за одземање, може волонтерски да си поднесеш такво барање и да ти се одземат. Ако бе Кирил, ќе ги бришам рачно ако тоа ти е желба.--Никола Стоіаноски 16:53, 18 мај 2013 (CEST)
Многу добро знам за што имам гласано, но не видов дека тие пренасочувања многу помогнаа за да се збогати Викиречник на македонски јазик. Нормално е после толку време да си го променам мислењето. Само ме чуди како тоа без дискусија дојде до заклучок дека пренасочувањата треба да се бришат и дури тоа го предлагаш како една од мерките и решенијата на проблемот. Треба повторно да се отвори дискусијата и да се разговара одново за да се дојде повоторно до некое решение. Понатаму, Википедија на англиски јазик нема никакво значење овде, така што не мора да споменуваш дали таму се употребува или не. Веќе смачено ми е да си играме игри коишто не му одат никому во прилог. Поради тоа, ајде да воспоставиме општи критериуми, коишто нема да бидат насочени само против Brest или против некој друг, туку ќе имаат општа примена во сите слични ситуации.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:05, 18 мај 2013 (CEST)
Луѓе ќе ве замолам за последен пат сите да ги смирите страстите. Нема потреба од коментари како ТИ ќе ги бришеш пренасочувањата или да бараме низ архивите кој што рекол а ништо не направил. Се работи ЗА одземање или ПРОТИВ одземање на правата на Брест, а проблемите околу ботот доколку некој од нас знаел како да ги отстрани досега ќе го спроведел тоа но бидејќи не знаеме секогаш оставаме за понатаму. Доста веќе со закани од откажување. Погледнате со каков ритам работевме пред 3-4 години... Денеска некако со сила да се работи.--Тиверополник (разговор) 17:07, 18 мај 2013 (CEST)

Ќе се гласа или... ?--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 02:39, 23 мај 2013 (CEST)

Мое искажување[уреди извор]

Коментар  Јас сум огорчен од негрижата и самиот предлог, за проблемот и необѕирноста кон луѓето што го предложија (јас и Кирил), кои имаме толку направено на најразлични планови и без да се глупираме, да бидеме безобразни и да работиме фушерајски. Ние кои имаме толку направено за да биде ова што е. Триста работи образложивме (сега се осврнувате само на пренасочувањата, а и тоа го заглавите). Пак се натегате (или сосем го игнорирате проблемот). Во ред ли е тоа?? Жалам што е вака, но и јас ќе морам да се размислам што да биде со мене понатаму. Вака не може. Нека нè нема нас, па вие терајте си по свое (ако воопшто терате)... --Б. Јанкулоски (разговор) 03:19, 23 мај 2013 (CEST)