Разговор:Томино Село

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

== ЗАКАМЕН- исчезнат град во Малесија ==(sekcija)

Прилог за нова секција

Прилог за нова секција

Таму некаде во срцето на Малесија,на еден крак од патот Виа Игнација,легендата вели,постоел град Закамен.Во него Поп Мартин со тајфа од 70 души,решил на Турците зулумџии,од кои глава народот не можел да крене,до ак да им дојде.Како за беља,не за арно,се видело после ,во истото време со поповата мисла по калдрместиот пат од Дебар за Битола,а од таму за Цариград,бавно врвел карван со царско азно од 12 товари.Дружината во пределот сливнички, подготвено ги стаписала карванџиите со маските тешки од дисаѓи полни со злато.Билото на Караорман на север била нивната последна виделина. Не минало долго, Султановата војска,до заби наоружана,кон Закамен се приближувала,пустошејќи се пред себе.А,попот Мартин,по едни, ги надитрил сите ,па со дисаѓите полни злато заминал за никогаш во Закамен да не стапне.По други,немајќи каде го скрил златото во црковниот длабок бунар со намера по пустошењето,со дружината и разбеганиот народ на сите страни, да се врати и градот Закамен,срамнет со земјата,каков што бил да го обнови. Пуста желба до денешни дни. Се работи за предел и град на северниот дел од струшката котлина за кого чуле и знаат сите во Малесија и луѓето од Дебарца и од Поречието,каде многу родови ќе ви речет; нашето потекло е од градот Закамен.

Според кажувањето на Милан Цветковски-Тримо,кој за Малесија и селото Збажди подготвува монографија,населбата наречена град Закамен,постоела некаде пред 250 до 300 години,во текот на 17-тиот век.Занаетчиски и типично услужен град,со разновидни работилници,дуќани и анови подреден на потребите на многубројните карвани,кои секојдневно на самиот крак од патот врвеле, а во Закамен кираџиите од долгиот пат закрепнувале,се одморале,поправале нешта и преспавале.Се верувало дека Закамен имал дури и своја ергела коњи, а и прифатилиште за изнемоштени и повредени животни.Во Закамен имало и црква. Денес таму можат да се најдат зидишта,до црквата вакавско водиче, а велат таму имало и манастир.Сега местото е таму зараснато со дабова шума,одвај да се познаваат камењата и темелите што уште стојат и чекаат.

Извори;

- пренесено од „Вечер “ од 19/20.1999 година.

- Легенди од родовски заедници во многу села во Поречието-Мкаед.Брод.

---Ucitelot (разговор) 16:14, 7 април 2010 (UTC).


Црквата на прилепената фотографија на страницата за Томино село е изградена 1903 година., а не како што е наведено во текстот под неа. Годината стои на самата црква од источната страна најгоре при врвот. Нее познато дали на тоа место постоела стара црква па сегашната да е на нејзино место,односно обновена црква.Треба исправка. Податокот што стои во Бродската епархија, теба да се провери од каде е земен и за која црква всушност се работи.?--Ucitelot (разговор) 18:45, 13 април 2010 (UTC).


Го молам апликантот на фотографијата на црквата во Тпомино село, ако има друга фотка на која ќе се гледа поцелосно црквата да ја замени наместо сегашната,и второ на црквата стои годината на нејзината изгрдаба,што би требало да се корегира.--Ucitelot (разговор) 20:35, 13 април 2010 (UTC).

Изворот на податокот вели дека е од 1831 година. Тоа е најрелевантен податок со кој располагаме, односно податок од дебарско-кичевската епархија. Во секој случај го сменив, бидејќи сметам дека вие повеќе знаете. И други слики нема од тоа село. Тоа се сите што ги има википедија.--Р ашо 22:00, 13 април 2010 (UTC)

Во моментов нерзнам што се случува ! Ја ја уредував само секцијата „историја“ и сега не го прима уредениот текст??--Ucitelot (разговор) 17:57, 14 април 2010 (UTC) Барам помошт.

До г-дин Рашо,

Фотографии од Томино село има на Фејзбук.Ќе ги најдеш на Веб страната на омино село ако бараш на МК.Википедија-Томино село, најгоре во лефиот агол стои копче за слики. Ти секако подобро се снајдуваш,ама сакав само да те потсетам каде јас ги најдувам.Поздрав--Ucitelot (разговор) 18:33, 14 април 2010 (UTC).

Слики од фејсбук или слични сајтови не смеат да се користат на овој проект. Тука може да се користат слики кои ги има веќе на заедничката ризница или евентуално некој корисник да подигне свои слики. Доколку поседувате ваши авторски слики слободне подегнете ги, а доколку имате слики а не сте или не знаете кој е авторот, тогаш и не се обидувајте. Поздрав--Р ашо 19:06, 14 април 2010 (UTC)


Mислам дека ставот на Википедија е да не се ставаат во „познати личности“ се уште живи лиза или недеоволно афирмирани фо јавноста и пошироко,особено не секој што станал универзитетски професор,па и доктор на науки во колку неговите трудови немаат поголемо значење.Во случајов Зоран Стојановски освен што успеал да стане универзитетски професор нема за селото никаков друг допринос и се уште е жив,па моше условите да ги исполни до крајот на својот живот и покасно да биде наведен..--77.29.27.176 (разговор) 07:04, 21 април 2010 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Промена на зборови од типот превзема... во презема..., без в, синтаксна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 08:55, 3 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Мали интервенции[уреди извор]

На 27.01.2011 год. ја посетив страницата и извршив помали дополнувања со испуштени податоци што припаѓаат на секциите во кои ги внесов.Мислам дека со истите страницата за Томино село станува посодржајна и корисна.Поздрав --Ucitelot (разговор) 11:12, 27 јануари 2011 (CET)[одговори]