Прејди на содржината

Пунч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пунч послужен на Антилите

Пунч[1][2] (англиски: planter's punch) — вид коктел што главно се состои од парчиња овошје и сок. Постојат различни видови рецепти и варијанти кои можат да бидат со или без алкохол. Некои варијанти на пунч се именувани по познати луѓе.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Коктелот за прв пат се појавил во 17 век. Популаризиран во Англија. Во средината на 18 век станува популарен и во Франција. Пијалакот потоа се мешал со чај, лимон, шеќер, рум и станал еден од популарните пијалаци на Карибите. Пунчот се сервира во сад, кој уште се нарекува и чинија за пунч (англиски: punch bowl).[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „пунч“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „пунч“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Wondrich, David (2. 11. 2010). „Punch: The Delights (and Dangers) of the Flowing Bowl“ (англиски). Penguin. Посетено на 18. 4. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. Butler, Stephanie. „The Surprising History of Punch“. HISTORY (англиски). Посетено на 18. 4. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)