Рамноденица

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пролетна точка)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рамноденици и сонцестои на Земјата по UTC[1][2]
појава рамноденица сонцестој рамноденица сонцестој
месец март јуни септември декември
година
ден време ден време ден време ден време
2010 20 17:32 21 11:28 23 03:09 21 23:38
2011 20 23:21 21 17:16 23 09:04 22 05:30
2012 20 05:14 20 23:09 22 14:49 21 11:12
2013 20 11:02 21 05:04 22 20:44 21 17:11
2014 20 16:57 21 10:51 23 02:29 21 23:03
2015 20 22:45 21 16:38 23 08:20 22 04:48
2016 20 04:30 20 22:34 22 14:21 21 10:44
2017 20 10:28 21 04:24 22 20:02 21 16:28
2018 20 16:15 21 10:07 23 01:54 21 22:23
2019 20 21:58 21 15:54 23 07:50 22 04:19
2020 20 03:50 20 21:44 22 13:31 21 10:02
2021 20 09:37 21 03:32 22 19:21 21 15:59
2022 20 15:33 21 09:14 23 01:04 21 21:48
2023 20 21:24 21 14:58 23 06:50 22 03:27
2024 20 03:07 20 20:51 22 12:44 21 09:20

Рамноденицаденоноќието кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.

Приказ на Земјините годишни времиња гледано од северната полутопка. Крајно десно е декемвриската краткоденица.

Годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на вртежната рамнина околу Сонцето. Ова закосување изнесува околу ±23,44° во однос на вртежната рамнина, па така, половина година, приближно од 20 март до 22 септември, северната полутопка е поизложена кон Сонцето со максимум околу 21 јуни, а другата половина од годината јужната полутопка е поизложена на Сонцето, со максимум околу 21 декември.

На рамноденицата која се случува околу 20 март на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента; обратно, на 22 септември на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта.

Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамноденица.

Интересни податоци за рамнодениците[уреди | уреди извор]

Неколку интересни податоци за рамнодениците:

  • Бидејќи Сонцето е сфера, а не светлосна точка, реалното преминување на Сонцето преку екваторот трае 33 часа;
  • На рамнодениците, брзината на промена на траењето на денот и ноќта е најголема: на половите рамноденицата означува преод од 24-часовен ден во 24-часовна ноќ (или обратно), и таа промена е поголема колку се оди од екваторот кон половите;
  • Од јунската долгоденица до септемвриската рамноденица има 94 дена, но само 89 дена од декемвриската краткоденица до мартовската рамноденица: затоа годишните времиња се со различна должина. Причината за ова е различната брзина на Земјата додека се движи околу Сонцето (апхел и перихел);
  • Појавата на рамноденицата не е фиксна, туку приближно 6 часа подоцна секоја година, што изнесува еден цел ден во четири години, но тоа се поништува со престапните години (видете и григоријански календар);
  • Помалите нерегуларности во моментот на рамноденицата се предизвикани од влијанието на Месечината и другите планети врз движењето на Земјата;
  • Датите на рамноденицата ги пресметуваме според времето по Гринич (универзално време), и тие може да варираат и по два календарски дена за луѓето што живеат на далечниот исток или запад, близу до датумската граница. Така, на островите Тонга во 1999. рамноденицата била на 24 септември, и ќе биде на таа дата повторно дури во 2103. Слично на тоа, на крајниот запад на Америка, рамноденицата може да биде и на 19 март.

Рамноденицата во културата на цивилизациите[уреди | уреди извор]

Рамноденицата, особено пролетната, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамноденица била прославувана и како почеток на новата година. Во Македонија, најстарото познато наоѓалиште на кој се определувал датумот на рамноденицата е Кокино, од околу 1800 г. п.н.е.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Поморска опсерваторија на САД (4 јануари 2018). „Годишни времиња и апсида на Земјата: Рамноденици, сонцестои, периапсида и апоапсида“. конс. 18 септември 2018.  (англиски)
  2. Астропикселс (20 февруари 2018). „Сонцестои и рамноденици: од 2001 до 2100 г.“. конс. 21 декември 2018.  (англиски)