Приходна куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Химерска куќа, Киев, Украина. Изградена во 1902 година како приходна куќа, таа е претседателско престојувалиште од 2005 година.

Приходна куќа ― вид на повеќесемејна станбена куќа со специфична архитектура која еволуирала во Европа во текот на 18-19 век и станала претходник на она што сега е познато како стан. Во различни европски земји, овој вид куќа бил познат како immeuble de rapport, hôtel de rapport (Франција); inmueble de inversión, inmueble de alquiler (Шпанија), доходный дом (Руска Империја) итн.

Во Франција, ширењето на приходните куќи започна уште од владеењето на Луј XVI. Со текот на времето, таа стана популарен влог од страна на развивачите на недвижнини, што резултирало со повеќекратна употреба на истиот вид фасади и целокупната архитектура на зградите. Зголемувањето на овој вид имот е одговорно за униформноста на архитектурата на Париз денес.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. François Loyer, Paris xixe siècle : l'immeuble et la rue, Paris, Hazan, ISBN 2850253561