Природна катастрофа
Природна катастрофа е голем негативен настан како резултат на природни процеси на Земјата, меѓу кои и поплави, цунами, вулкански ерупции, земјотреси и други геолошки процеси. Природната катастрофа може да предизвика губење на живот или оштетување на имоти и обично остава економска штета зад себе, тежината што зависи од издржливоста на засегнатото население, или способноста да закрепнат.[1]
Негативниот настан нема да дојде до ниво на катастрофа ако се случи во област без ранливо население.[2][3][4] Секако дека во ранлива област, како Сан Франциско, еден земјотрес може да има катастрофични последици и да остави трајни оштетувања, за кои ќе бидат потребни години да се поправат.
Лавини
[уреди | уреди извор]Во текот на Првата светска војна, околу 40.000 до 80.000 војници загинаа како резултат на лавини во текот на планинската кампања во Алпите во Австријско-италијанскиот фронт, од кои многу беа предизвикани од артилериски оган.[5]
Земјотреси
[уреди | уреди извор]. Околу 60.000 луѓе се верува дека починале во овој земјотрес.
Земјотресот е резултат на ненадејно ослободување на енергија во Земјината кора, која создава сеизмички бранови. На површината на Земјата, земјотресите се манифестираат со вибрации, тресење, а понекогаш и поместување на земјата. Вибрациите може да се разликуваат во големина. Земјотресите се предизвикани главно од лизгање во геолошки раседи, но исто така и од други настани, како што е вулканска активност, лизгање на земјиштето, експлозии во рудник и јадрени проби. Подземната точка на потеклото на земјотресот се нарекува фокус. TТочката директно над фокусот на површината се нарекува епицентар. Земјотресите сами по себе ретко убиваат луѓе или диви животни. Тоа го прават обично секундарните настани што ги предизвикуваат, како уривањето на згради, пожари, цунами (сеизмички морски бранови) и вулканите што претставуваат всушност човечка катастрофа.Многу од нив може да се избегнат со подобра градба, безбедносни системи, рано предупредување и план за евакуација.
Некои од најзначајните земјотреси во последно време ги вклучуваат: Земјотресот во Индискиот Океан во 2004 година, tтрет по големина забележан земјотрес во историјата со моментна големинарегистрирана на 9.1-9.3. Во огромното цунамипредизвикано од овој земјотрес загинаа најмалку 229.000 луѓе.
- Во 2011 земјотресот во Тохоку и цунами со забележана мометна големина од 9,0 степени. Бројот на жртвите од земјотресот и цунамито е над 13.000, а над 12.000 луѓе сè уште се водат за исчезнати.
- На 8, 8 степени земјотресот во Чиле и цунамито на 27ми февруари 2010 г. ги чинеше животите на 525.[6]
- Сечуан земјотресот во провинцијата Сечуан, Кина на 12ти мај 2008 г. од 7,9 степени. Бројот на жртвите е повеќе од 61,150 од 27ми мај 2008 г.
- На 7.7 степени земјотресот во Јава во јули 2006 г. исто така предизвика цунами.
- На 7.6-7.7 степени од земјотресот во Кашмир, Пакистан во 2005 г. загинаа 75.000 луѓе.
Вулкански ерупции
[уреди | уреди извор][[Податотека:Deccan Traps volcano.jpg|thumb|Впечатокот на уметникот за вулкански ерупции, кои ја формираа Декан Капан во Индија
Вулканите може да предизвикаат големо уништување и последователна катастрофа на неколку начини. Последиците ја вклучуваат самата вулканска ерупција што може да предизвика штета следејќи ја експлозијата на вулканот или падот на карпата. Второ, лавата може да се произведе за време на ерупцијата на вулканот. Како што го напушта вулканот, лавата уништува многу градби и растенија што ги сретнува. Трето, вулканската пепел обично значи оладена пепел- може да формираат облак и се сместува густо во места кои се во близина.Кога ќе се измеша со вода ова формира материјал како концентрат. Во доволни количини пепелта може да предизвика паѓање на кровови поради тежината но дури и во мали количини ќе им наштети на луѓето доколку ја вдишат.Поради тоа што пепелта има густина на мат стакло предизвикува штета со нагризување на деловите што се движат како моторите. Главниот убиец на луѓето во непосредната близина на вулканската ерупција се пирокластичните текови, коишто се состојат од облак на жешка вулканска пепел што се крева во воздухот над вулканот и јури надолу по падините кога ерупцијата повеќе него поддржува подигнувањето на гасовите. Се верува дека Помпеја била уништена од пирокластични текови. Лахар е вулкански каллив тек или одронување на земја. Катастрофата во Тангиваи во 1953 г. била предизвикана од лахар, како и трагедијата во Армеро во 1985 г. во која градот Армаро беше потрупан и околу 23.000 луѓе загинале.
Посебен вид на вулкан е супервулкан. Според теоријата на катастрофа Тоба пред 75.000 до 80.000 години супервулканот кај езерото Тоба ја намалил човечката популација до 10.000 или дури и 1/000 парови за разможување создавајќи тешкотија во човечката популација.[7] Исто така загинаа три четвртини од растителниот свет во северната полутопка. Главната опасност од супервулканот е огромниот облак од пепел кој има катастрофални последици врз климата и температурата за многу години.
Хидролошки катастрофи
[уреди | уреди извор]Поплави
[уреди | уреди извор]Поплава е излевање на големо количество вода што ја потопува земјата.[8] Директивата за поплави на ЕУ ја дефинира поплавата како привремено покривање на земјата со вода.[9] Во смисла на “течење вода”, зборот може исто така да се примени како прилив на плима. Поплавувањето може да биде резултат на количината на водата во простор од вода како река или езеро, што излива или ја разбива браната, со тоа што дел од водата бега од своите вообичаени граници.[10] Додека големината на езеро или некој друг простор со вода ќе се менува со сезонските промени на врнежите или топењето на снегот, не е значајна поплава ако водата ја покрива земјата која се користи од страна на човекот како село, град или друга ненаселена област, патишта, пространства на обработливо земјиште и др.
Некои од најзначајните поплави вклучуваат:
- Поплавата во Џоштаун во 1889 г. каде што над 2200 луѓе ги изгубија своите животи кога браната Саут Форк што го држи езерото Конема се скрши.
- Жолтата Река во Кина предизвикува поплави особено често. Големата поплава од 1931 г. предизвика меѓу 800.000 и 4.000.000 смртни случаи.
- Големата полава од 1993 г. беше една од најскапите полави во историјата на САД.
- Во 1998 г. Сината Река во Кина остави 14 милиони луѓе без своите домови.
- Поплавата во Мозамбк во 2000 г. покри поголем дел од земјата за три недели, резултирајќи со илјадници смртни случаи, и оставајќи ја земјата опустошена со години потоа.
- Поплавата во Мумбаи во 2005 г. во која загинаа 1094 луѓе.
- Во 2010 г. Пакистан се поплави уништувајќи земјоделски посеви и ифраструктура, и многу животи.
Тропските циклониможе да резултираат со големи поплави и невреме како што се случи со:
- Циклонот Бола кој го погоди Источен Пакистан (сега Бангладеш) во 1970 година,
- Тајфунот Нина, кој ја погоди Кина во 1975 година,
- Ураганот Катрина, кој го погоди Њу Орлеанс, Луизијана во 2005 година, и
- Циклонот Јаси, кој го погоди Австралија во 2011 година
Лимнички ерупции
[уреди | уреди извор][[Податотека:Cow killed by Lake Nyos gasses.jpg|thumb|left|150px|Крава угушена од гасови од езерото Њос по алимнична ерупција] Лимнична ерупција се случува кога гас, обично CO2, одеднаш избувнува од длабока езерска вода, поставувајќи закана од угушување на дивиот свет, добитокот и луѓето. Ваква ерупција миже исто така да предизвика цунами во езерото како што зголемувањето на гас ја истиснува водата. Научниците веруваат дека одронувањето на земјиштето, вулканската активност можат да предизвикаат ваква ерупција. До денес, само две лимнични ерупции биле забележани и снимени:
- Во1984 година, во Камерун, лимнична ерупција во езерото Монаун предизвика смрт на 37 околни жители.
- Во близина на езерото Најос во 1986 година во многу поголема ерупција загинале меѓу 1.700 и 1.800 луѓе од задушување.
Цунами
[уреди | уреди извор]TЦунами може да бидат предизвикани од подморските земјотреси како оние предизвикани во Ао Нанг, Тајланд, со земјотресот во Индискиот Океан во 2004 г. или од одронување на земјиштето како оној во Литаја Беј, Алјаска.
- Земјотресот во Индискиот Окен го создаде цунамито Боксинг Деј и катастрофа на ова место.
- На 11ти март 2011 г. Се случи цунамито близу Фукушима, јапонија и се рашири преку Тихиот Океан.
Метеоролошки катастрофи
[уреди | уреди извор]Виулици
[уреди | уреди извор]Виулиците се тешки зимски бури што се одликуваат со јаки снежни врнежи и силни ветрови. Кога илните ветрови го расфрлаат снегот што веќе е паднат, се нарекува земјена виулица. Виулиците може да влијаат на локалните економски активности, особено во региони каде што паѓањето на снег е ретко.
Значајни виулици вклучуваат:
- Во големата виулица од 1888 г. во САД во “големата виулица од 1888 г.” беа уништени многу тони пченична култура.
- Виулицата во Авганистан во 2008 г.
- Виулицата во Северна Америка во 1947 г.
- Виулицата во Иран од 1972 г. Резултираше со околу 4.000 смртни случаи и траеше од 5 до 7 дена.
Циклонични бури
[уреди | уреди извор]Циклонот, тропски циклон, ураган, и тајфун се различни имиња за една иста појава е систем на циклична бура кој се формира над океаните. Најсмртоносниот ураган беше циклонот Бола од 1970 г.: најсмртоносниот атлантски ураган беше Големиот Ураган од 1780 г. што го опустоши Мартиник, Свети Евстахиј и Барбадос. Друг забележлив ураган е ураганот Катрина што го уништи Мексиканскиот Залив во 2005 г.
Суши
[уреди | уреди извор]Суша е необично сушење на почвата, што резултира со уништување на посевите и недостиг од вода за други намени, предизвикани од значително пониски врнежи од просечно во текот на еден подолг период. Топли суви ветрови, високи температури и последователното испарување на влагата од земјата може да придонесе за услови на суша.
Познати историски суши вклучуваат:
- Во 1900 г. во Индија убивајќи меѓу 250.000 до 3,25 милиони луѓе.
- Во1921-22 г. во Советскиот Сојуз во која над 5 милиони умреа од глад поради сушата
- Во1928-30 г. во северозападниот дел на Кина резултира со повеќе од 3 милиони смртни случаи од глад.
- Во 1936 г.и 1941 г. во провинцијата Сечуан во Кина резултира со 5 милиони и 2,5 милиони смртни случаи по наведен редослед.
- Во 2006 г. државите на Австралија, вклучувајќи Јужна Австралија, Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Северна Територија и Квинсленд биле под сушни услови 5-10 години. Сушата почнала да влијае врз населението од градските подрачја за првпат. Со поголемиот дел од земјата под ограничувања за вода.
- Во 2006 г. провинцијата Сечуан во Кина доживува најголемата суша во модерните времиња со речиси 8 милиони луѓе, а над 7 милиони добиток се соочува со недостаток на вода.
- 12-годишна суша која ја уништуваше југозападно Западна Австралија, југоисточна Јужна Австралија, Викторија и северниот дел на Тасманија беше "многу тешка и без историски претходник" .
- Во 2011 г., државата Тексас живееше под декларација за итен случај на суша за време на цела календарска година. Сушата предизвика Бастроп пожари.
Невреме со град
[уреди | уреди извор]Невреме со град се паѓање на капки дожд кои пристигнуваат како мраз наместо топење пред да ја погодат земјата. А особено штетно невреме со град го погоди Минхен, Германија, на 12 јули 1984 година, предизвикувајќи околу 2 милијарди долари во барања за осигурување.
Топлотни бранови
[уреди | уреди извор]Топлотен бран е период на невообичаено и претерано топло време. Најлошиот топлотен бран во неодамнешната европска историја беше Европскиот топлотен бран од 2003 г.
Летниот топлотен бран во Викторија, Австралија, создаде услови што поттикнаа масовни пожари во 2009 година. Мелбурн доживеа три дена по ред на температури над 40 °C (104 °F), со некои регионални области со неподнослива жештина низ многу повисоки температури. Пожарите, колективно познати како "црна сабота", беа делумно чинот на потпалувачите.
Во 2010 година, летото на северната полутопка резултираше со тешки топлотни бранови, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе. Тоа резултираше со стотици пожари што предизвикува голема загаденост на воздухот, и изгорени илјадници квадратни милји на шума.
Торнада
[уреди | уреди извор]Торнадото е насилно, опасно, вртечка колона на воздух што е во контакт и со површината на Земјата и со облакот комалинибус или, во ретки случаи основата на кумулус облакот. Тоа е исто така познат како пресуквач или циклон,[11] иако зборот циклон се користи во метеорологија во поширока смисла, да се однесува на која било циркулација со низок притисок. Торнадата доаѓаат во многу форми и големини, но обично се во форма на видлива збиена инка, чиј тесен крај ја допира земјата и често е опкружена со облак од остатоци и прав. Повеќето торнада имаат брзината на ветровите помалку од 177 км/ч, се со пречник од околу 80 м и патуваат неколку милји (неколку километри) пред расфрлање. Најекстремните торнада може да ја достигнат брзината на ветровите од повеќе од 300 mph (480 км/на час), се протегаат повеќе од 3 км и ќе останат на земјата за десетици милји (можеби повеќе од 100 км).[12][13][14]
Познати историски торнада вклучуваат:
- Тридржавното торнадо од 1925 г., каде што загинаа над 600 луѓе во САД;
- Торнадото во Долптур- Сатрија од 1989 г. каде што загинаа околу 1,300 луѓе во Бангладеш.
Пожари
[уреди | уреди извор]Пожарите обично се големи и почнуваат на диви површини. Чести причини за пожар се молња и суша но исто така и од човечко невнимание или подметнување пожар. Тие може да се прошират до населени области и затоа може да бидат закана за луѓето и имотот, како и за дивите животни.
Значајни случаи на пожари беа пожарот во Пештиго во 1871 г., каде што загинаа најмалку 1700 луѓе, и во 2009 г. пожарите во Викторија, Австралија.
Здравствени катастрофи
[уреди | уреди извор]Епидемии
[уреди | уреди извор]Епидемија е појава на грчевита болест што се шири низ човечката популација. Пандемија е епидемија што се шири на глобално ниво. Постојат многу епидемии во текот на историјата, како Црната смрт. Во последните сто години, значителен пандемии вклучуваат:
- Во 1918 г., шпанскиот грип, при што загинаа околу 50 милиони луѓе ширум светот
- Во 1957-58 г. азискиот грип, во која загинаа околу 1 милион луѓе
- Во 1968-1969 г. во Хонгконг се појавува водниот грип
- The 2002-3 SARS pandemic Пандемијата на САРС во 2002-03 г.
- Пандемијата на сида, со почеток во 1959 година
- Х1Н1 грипот (Свински грип) пандемија во 2009-2010 г.
Други болести кои се шират поспоро, но сè уште сметаат за глобални здравствени итни случаи од страна на СЗО, вклучуваат:
- XDR ТБ, еден вид на туберкулоза што е значително отпорна на лекови
- Маларија, што убива околу 1,6 милиони луѓе секоја година
- Ебола хеморагичната треска, која однесе стотици жртви во Африка во неколку епидемии
Просторни катастрофи
[уреди | уреди извор]Ударни настани
[уреди | уреди извор]Најголемиот ударен настан од небо во денешни времиња е падот на метеор што ја предизвикал Тунгуската експлозија во јуни 1908 г.
Сончеви одблесоци
[уреди | уреди извор]Сончев одблесок е појава каде што сонцето одеднаш ослободува голема количина на сончево зрачење, многу повеќе отколку нормално. Некои познати сончеви одблесоци вклучуваат:
- X20 настан на 16 август 1989 г.[15]
- Сличен одблесокот на 2 април 2001 г., 2001[15]
- Најмоќниот одблесокот некогаш снимен, на 4 ноември 2003 година, проценет на помеѓу X40 и X45[16]
- Најмоќниот одблесокот во изминатите 500 години се верува дека се случил во септември 1859 г. 1859[17]
Експлозија на гама-зраци
[уреди | уреди извор]Експлозијата на гама-зраците се најмоќните експлозии што се случуваат во универзумот.[се бара извор] Тие ослободуваат огромна количина на енергија во милисекунди или барем десет секунди.[се бара извор] Тие ослободуваат исто или поголема енергија од Сонцето што ослободува целиот свој живот.[се бара извор] Експлозиите на гама-зраци не се настани што се случуваат ретко.[се бара извор] Тие се случуваат еднаш во секој ден и се откриваат со помош на телескопи и на Земјата и во вселената.[се бара извор] Претежно големи маси на ѕвезди, поголеми од Сонцето, може да произведат експлозија на гама-зраци. Експлозија на гама-зраци на растојанија поблиску од 8000 светлосни години може да предизвика загриженост за животот на Земјата. Главно Волф-Рајеови ѕвезди WR 104 може да произведат експлозија на гама-зраци. Астрономите веруваат дека Ордовишкото-силурско изумирање, како третото најдеструктивно исчезнување на Земјата, би можело да се должи на експлозија на гама-зраците.[се бара извор]
Заштита од меѓународното право
[уреди | уреди извор]Меѓународното право, на пример Женевската конвенција го дефинира Меѓународниот Црвен крст и Движењето Црвена полумесечина на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, бара "членки ќе ги преземат, во согласност со нивните обврски според меѓународното право, вклучувајќи го и меѓународното хуманитарно право и меѓународните закони за човекови права , сите неопходни мерки за да обезбедат заштита и сигурност на лицата со хендикеп во ситуации на ризик, вклучувајќи ја и појавата на природна катастрофа."[18] И понатаму Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања е формирана од страна на Резолуцијата на Генералното собрание 44/182. Раселени лица поради природни катастрофи во моментов се заштитени со меѓународното право (Водечки принципи на меѓународното поместување, Конвенцијата Кампала од 2009 година).</ref>
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ G. Bankoff, G. Frerks, D. Hilhorst (eds.) (2003). Mapping Vulnerability: Disasters, Development and People. ISBN ISBN 1-85383-964-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Luis Flores Ballesteros. "What determines a disaster?" 54 Pesos Sep 2008:54 Pesos 11 Sep 2008. <http://54pesos.org/2008/09/11/what-determines-a-disaster/ Архивирано на 20 март 2012 г.>
- ↑ D. Alexander (2002). Principles of Emergency planning and Management. Harpended: Terra publishing. ISBN ISBN 1-903544-10-6 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ B. Wisner, P. Blaikie, T. Cannon, and I. Davis (2004). At Risk - Natural hazards, people's vulnerability and disasters. Wiltshire: Routledge. ISBN ISBN 0-415-25216-4 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Lee Davis (2008). "Natural Disasters". Infobase Publishing. p.7. ISBN 0-8160-7000-8
- ↑ ^ "USGS Earthquake Details". United States Geological Survey. http://earthquake.usgs.gov/earthquakes/eqinthenews/2010/us2010tfan/. Retrieved February 27, 2010
- ↑ Gibbons, Ann (19 January 2010). „Human Ancestors Were an Endangered Species“. ScienceNow. Архивирано од изворникот на 2010-01-24. Посетено на 2013-01-10.
- ↑ MSN Encarta Dictionary. Flood. Архивирано на 4 февруари 2011 г.Посетено на 2006-12-28. 2009-10-31.
- ↑ Directive 2007/60/EC Chapter 1 Article2
- ↑ Glossary of Meteorology (June 2000). Flood. Архивирано на 24 август 2007 г. Посетено на 2009-01-09.
- ↑ merriam-webster.com
- ↑ Wurman, Joshua (2008-08-29). „Doppler On Wheels“. Center for Severe Weather Research. Архивирано од изворникот на 2007-02-05. Посетено на 2009-12-13.
- ↑ „Hallam Nebraska Tornado“. National Weather Service. Национална океанска и атмосферска управа. 2005-10-02. Посетено на 2009-11-15.
- ↑ Roger Edwards (2006-04-04). „The Online Tornado FAQ“. National Weather Service. Национална океанска и атмосферска управа. Архивирано од изворникот на 2006-09-29. Посетено на 2006-09-08.
- ↑ 15,0 15,1 „Sun Unleashes Record Superflare, Earth Dodges Solar Bullet“. ScienceDaily. April 4, 2011. Посетено на 2011-08-27.
- ↑ „Biggest Solar Flare ever recorded“. National Association for Scientific and Cultural Appreciation. 2004. Архивирано од изворникот на 2011-08-04. Посетено на 2011-08-27.
- ↑ „A Super Solar Flare“. NASA. May 6, 2008. Посетено на 2011-08-27.
- ↑ Article 11 of the Convention on the Rights of Persons with Disabilities
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Natural Disasters News“. Ubyrisk. Worldwide news site focused on natural disasters, mitigation and climate changes news
- „Global Risk Identification Program (GRIP)“. GRIP.
- „BioCaster Global Health Monitor“. National Institute of Informatics (NII). Архивирано од изворникот на 2014-05-04. Посетено на 2013-01-10.
- „World Bank's Hazard Risk Management“. World Bank. Архивирано од изворникот на 2010-04-09. Посетено на 2013-01-10.
- „Disaster News Network“. Архивирано од изворникот на 2006-11-05. Посетено на 2006-11-05. US news site focused on disaster-related news.
- „EM-DAT International Disaster Database“. Архивирано од изворникот на 2006-10-04. Посетено на 2006-11-05. Includes country profiles, disaster profiles and a disaster list.
- „Natural Hazard Information from the Coastal Ocean Institute“. Woods Hole Oceanographic Institution. Архивирано од изворникот на 2006-08-28. Посетено на 2006-11-05. Particularly including articles on tsunamis, hurricanes and other storms.
- „Global Disaster Alert and Coordination System“. Европска комисија и ООН.
- „What the Development Programme of the United Nations (UN) does to reduce the human risks linked to Natural Disasters“. United Nations Development Programme (UNDP). Архивирано од изворникот на 2015-01-13. Посетено на 2013-01-10.
- „Pioneering Disaster Risk Index (DRI) Tool“. United Nations Development Programme (UNDP). Архивирано од изворникот на 2014-06-18. Посетено на 2013-01-10. Provides key information on all countries in the world.
- „World's Worst Natural Disasters“. Посетено на 2009-07-01. Includes list of world's deadliest disasters in history.
- „Natural Disaster and Extreme Weather. Searchable Information Center“. Ebrary.
|