Праќа
Праќа — вид оружје, кое својот напад го базира врз фрлање проектили на непријателот.[1] Онаа што е типично за праќа е тоа што за разлика од различните лакови користат проектили кои се тапи (на пр. камен). Праќа е општопозната како овчарско оружје. Праќа се состои од мала торбичка која се наоѓа помеѓу две долги јажиња. Кога проектилот (каменот) се стави во торбичката двете јажиња се фаќаат со едната рака и силно се замавнува околу главата, и во одреден момент едно јаже се пушта, оваа овозможува проектилот да лета во права линија.
Праќка е многу евтино и едноставно оружје за изработка. Се користи во лов , но и во борби. И денес е интересна на спортистите, додека има многу импровизации во оваа оружје.
Додека проектилите за праќа се вообичаени на археолшки наоѓалишта, праќите се многу ретки, поради самиот материјал од којшто се изработувале, праќите бргу се деградираат.
Давид и Голијат
[уреди | уреди извор]Праќа се споменува и во Библијата што претставува најстар запис за ова оружје. Овој дел од Библијата е напишан околу 1000 година пред новата ера, но опишува настани од неколку векови порано.
Во Библија борбата се одвива помеѓу Давид и Голијат, каде Давид овчар без оклоп на себе и наоружан е само со праќа. Противник му бил Голијат борец, шампион со тежок оклоп на себе, нивната борба претставува војна помеѓу Филистеја и Израил. После само еден прецизен истрел Давид успеал да го совлада Голијат.
Приказната нагласува дека праќата е оружје од низок ранг, меѓутоа во вешти раце може да биде многу ефикасно.
Праќа во средновековниот период
[уреди | уреди извор]Европа
[уреди | уреди извор]Во средновековниот период праќа била во изумирање, користена е само Праќа на стап, а праќата опстанала само во форма на големи опседни направи. Иако и понатаму пронаоѓала примена во ловот.
Роња
[уреди | уреди извор]Постои уште еден вид на праќа кај која краевите на јажето се врзани за еластична, најчесто гумена трака со должина околу 20 cm. И додека кај класичната праќа предметот на фрлање (на пр. камен) се фрла со една рака, се завртува како пропелер и кога добие соодветна брзина (кинетичка енергија) едниот крај на праќата се пушта, кај роња еластичниот крај е во едната рака, а кожичката со каменот во другата. Испалувањето повеќе потсетува на растегнување на стрела. Роња е попрециза, но со помал домет од праќа.