Прајмвал (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Прајмвал“
Primevalposter.jpg
Филмскиот плакат
РежисерМајкл Кателман
ПродуцентГевин Полоне
СценаристЏон Бранкато
Мајкл Ферис
НастапуваатДоминик Персел
Орландо Џонс
Брук Ленгтон
Јирген Прохнов
ЖанрАвантура, Хорор
МузикаЏон Физел
КинематографијаЕдвард Џ. Пеи
МонтажаГабриел Врај
ДистрибутерWalt Disney Studios Motion Pictures
Премиера12 јануари, 2007
Времетраење94 минути
Држава САД
Јазиканглиски
француски
свахилски
Бруто заработка15,291,277 $

Прајмвал е американски хорор филм од 2007 година. Главните ликови во филмот ги толкуваат актерите Доминик Персел, Орландо Џонс и Брук Ленгтон како тим на американски новинари кои патуваат во Бурунди за да ги снимаат џиновските, човекојадни крокодили.

Прајмвал е инспириран од вистинска приказна за човекојадниот крокодил Густав, кој живее во Бурунди и е долг повеќе од 6 метри и тежок околу еден тон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Улоги[уреди | уреди извор]

Промоција[уреди | уреди извор]

Снимањето започнало во април 2006 година во Јужна Африка. Снимањето пак на друг хорор филм со крокодил, Ужасот од реката, морало да биде одложено за есен 2007 поради сличностите на филмот со Прајмвал.

Промотивниот трејлер за филмот го прикажува Густав како "сериски убиец", од кој загинале повеќе од 300 жртви и "бројката се зголемува". Тој е во споредба со Џек Мевосек и Зодијак но со не-човечки особини неговата состојба никогаш не е споменато, освен за кратко каде што нараторот вели: "Тој е вистински, но тој не е човек". Скратената верзија на овој трејлер не го содржи сето ова. Меѓутоа, во трејлерот, крокодил, веројатно Густав, трепка кратко на екранот. На промотивниот постер слично се повикува Густав како "еден од најплодните сериски убијци во историјата". Официјална веб-страница на филмот ретко спомнува дека убиецот е всушност крокодил.

Критики[уреди | уреди извор]

Филмот е лошо примен, добивајќи рејтинг од само 19% на Rotten Tomatoes.[1] Натуралистот Патрис Феј рекол дека Прајмвал, "е пред сè, навреда на Бурунди, бидејќи ја прикажува земјата во лошо светло, и народот на Бурунди е напрваен да биде дивјаци, варвари, крадци и убијци".[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Primeval“. Rotten Tomatoes. конс. 4 April 2015. 
  2. McRae, Michael (February 2008). „Gustave, the Killer Crocodile – Update“. National Geographic Adventure Magazine. конс. 4 April 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]