Прејди на содржината

Покахонтас (филм из 1995)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Покахонтас (англиски: Pocahontas) е американски анимиран филм на Волт Дизни од 1995 година и инспириран од животот на индиската принцеза Покахонтас.

По откривањето на Америка (Новиот свет), Англија започнувала да го освојува континентот. Откако Британците пристигнале, почнале да го градат новиот град Џејмстаун. Кога ги виделе Индијанците, отишле и го известиле началникот. Во една прилика, ќерката на началникот, Покахонтас, се запознава со британскиот генерал Џон Смит, тие станале пријатели и подоцна се заљубиле. Кога ги видел Коколум, инаку најдобриот воин, го нападнал Џон. Кога Томас, пријателот на Џон, го видел ова, пукал во Коколум и го убил. Индијците го фатиле Џон, за да го убијат во зори следниот ден. Покахонтас изгубила надеж дека може да го спаси Џон Смит, но баба Вилоу и велела да го следи нејзиното срце. Таа се упатила кон нејзиниот татко, кој требало да го убие Џон и ја ставила својата глава врз Смит. Потоа му кажала на татко и дека ако го убијат Џон ќе мора да ја убијат и неа. Шефот сфатил дека не требало да се бори со Британците и барал примирје, но Џон бил погоден и тешко ранет, што значело дека мора да се врати во Англија на лекување. Покахонтас му рекла дека му е потребна на народот и дека не може да оди со него.

Улогата Гласот
Покахонтас Ајрин Бедар (дијалози)
Џуди Кун (песни)
Џон Смит Мел Гибсон
Ретклиф Дејвид Огден Стирс
Баба Врба Линда Хант
Томас Кристијан Бејл
Главен Расел Минс
Накома Мишел Џонс
Коколум Џејмс Апомт Фол
Кеката Гордон Тутуис (дијалози)Џим Камингс (песни)
Вигини Дејвид Огден Стирс
Бен Били Коноли
Лон Џо Бејкер

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]