Пожар во Богородичната црква (Париз)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пожар во Богородичната црква (Париз)
Incendie Notre Dame de Paris.jpg
Црквата во пожар
Времеоколу 18:50 CEST
Времетраењемоментно
Дата15 април 2019 (2019-04-15)
VenueБогородична црква
МестоПариз, Франција
Coordinates48°51′11″ СГШ; 2°20′59″ ИГД / 48.8530° СГШ; 2.3498° ИГД / 48.8530; 2.3498Координати: 48°51′11″ СГШ; 2°20′59″ ИГД / 48.8530° СГШ; 2.3498° ИГД / 48.8530; 2.3498
Causeнепознато
Мртвинепознато

На 15 април 2019 година околу 18:50 (ЦЕТ) избувнал пожар на кровот на Богородичната црква во Париз, Франција, предизвикувајќи огромна штета.

Позадина[уреди | уреди извор]

Причината за пожарот е се уште непозната. Се претпоставува дека има поврзаност со реновирањето на објектот, откако во 2018 година имало ургентен апел за реставрација и одржување на објектот.[1] Бронзените статуи биле отстранети од внатрешноста на црквата во подготовките за реновирањето. [2]

Инцидентот[уреди | уреди извор]

Видео снимка од пожарот

Пожарот се претпоставува дека избувнал околу 18:50 во време кога црквата е отворена за туристите. Околу 18:15 и 19:00 истиот ден била закажана миса. Четиристотини пожарникари биле мобилизирани за да се борат со огнената стихија. Тие изјавиле дека не се употребуваат канадери затоа што може да се оштети целосната структура на црквата.

Реакции[уреди | уреди извор]

Градоначалниката на Париз, Ане Хидалго порача на жителите да ја избегнуваат областа која е означена од страна на пожарникарските служби.

Меѓународни реакции[уреди | уреди извор]

Светските лидери и влади, вклучувајќи го и Ватикан, Ангела Меркел, Тереза Меј, Доналд Трамп и Ерна Солберг изразија жалење за настанатата штета и за потенцијалната загуба на вековното обележје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Notre-Dame: Cracks in the cathedral“, „BBC News“, 5 март 2018.
  2. Notre-Dame Cathedral spire in Paris collapses, engulfed in flames“, CBC News, 15 април 2019 (посет. 15 април 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]