Платон Лебедев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Платон Лебедев
Роден(а) 29 ноември 1956
Москва
Националност Русин,

Платон Лебедев (руски: Платон Леонидович Лебедев, роден на 29 ноември 1956 во Москва) е руски бизнисмен, коосновач на банката Манатеп и поранешен претседател на одборот на директори на Манатеп[1]

Платон Лебедев Дипломирал на Московската академија по економија во 1981 година. По дипломирањето до 1989 година работел во „Зарубежгеология“. Од 1991 до 1995 година бил Претседател на банката "Менатеп" а од 1996 година станал еден од управителите на нафтената компанија Јукос.

Тој подоцна бил обвинет за проневера и перење пари во 2009 година.[2][3] , и на кое тој се изјаснил дека не е виновен по обвиненијата. Во моментот, јуни 2011 година, се наоѓа на издржување казна затвор, (13 години затвор) поради затајување данок, заедно со неговиот партнет Михаил Ходорковски. Според некои извори, се смета дека овие обвиненија имале политичка позадина. Во 2010 година, Лебедев и Ходорковски биле повторно осудени, и најверојатно ќе поминат уште неколку години во затвор.

Наводи[уреди]

  1. City, Our. „Russian court denies Lebedev his freedom“, The Independent, 16 април 2004 (конс. 16 февруари 2010).
  2. Ex-Yukos chief pleads not guilty“, BBC News, 21 април 2009 (конс. 16 февруари 2010).
  3. Khodorkovsky pleads not guilty to embezzlement“, Guardian, 23 јануари 2008 (конс. 16 февруари 2010).