Планетариум (Урдин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Планетариум
Творец Киро Урдин
Година 1997
Место NEWAUS, Ајндховен

Планетариум – слика од Киро Урдин. Со површина од 48 квадратни метри, таа е меѓу најголемите во современа Европа. Сликата е откупена и поставена во зградата на електронскиот гигант NEWAUS, во АјндховенХоландија.[1]

Планетариум е првата слика во човечката историја која била работена низ цел свет од 1996 до 1997 година. Била работена во: Гробот на Исус, Ѕидот на плачот, Њујорк, Берлинскиот ѕид, Нерези, Охрид, Брисел, Кноке-ле-Зуте, Бриж, Париз, Рим, Помпеја, Пиза, Суецки Канал, Лондон, Стоунхенџ, Атина, Сунион, Нил, Пирамидите во Гиза, Мачу Пикчу, Куско, Бангкок, Пекинг (Забранет Град), Кинескиот Ѕид, Токио, Камакура, Мон Сен Мишел, Нуенен и Ајндховен.[2]

Планетариумот како мултимедијален проект е меѓу првите како уметничко дело во ликовниот правец мондидализам. За „Планетариумот“ е снимен и филм на трака од 35 мм кој филм бил прикажан и на официјалната селекција на познатиот телевизиски фестивал во Монте Карло во 1998 година.[1] Филмот го режирал Иван Митевски, и ја добил наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот фестивал на независни филмови и документарни филмови во Њујорк во 2005 година.[3]

Истовремено со филмот била објавена монографија од Марин Димевски со фотографии од двегодишното патување.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 киро-урдин/ Киро Урдин[мртва врска] на семрежното место на МАНУ
  2. Проект Планетариум
  3. „On Day of Francophony – Screening of Documentary "Planetarium". Culture: Republic of Macedonia. Архивирано од изворникот на 2 August 2013.
  4. Boenders, Frans. Planetarium of Kiro Urdin. Neways Electronics International N.V. ISBN 90-803863-16.