Персона (филм од 1966)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Персона (шведски: Persona) е американски филм од 1966 година, во режија на Ингмар Бергман кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Биби Андерсон, Лив Улман и Гунар Бјернстранд. Филмот се смета за нејексперименталното дело на Бергман, за реме-дело на филмскиот модернизам и за еден од најдобрите филмови на сите времиња.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Елисабет Фоглер (ја игра Улман) е позната театарска глумица, која во текот на една претстава наеднаш престанува да зборува, а продолжува да се однесува така и подоцна. Поради тоа, таа е примена на лекување во психијатриска болница, каде за неа треба да се грижи сестрата Алма (ја игра Андерсон). На почетокот, Алма е љубезна кон Елисабет, но откако двете се преселуваат во една викенд-куќа крај морето, работите се менуваат: Алма цело време зборува, а Елисабет упорно молчи; еднаш, Алма ѝ раскажува на Елисабет за една своја сексуална авантура; потоа, Алма ја носи поштата во градот и го отвора писмото во кое Елисабет ѝ кажува на докторката како се забавува слушајќи ги случките на Алма; тогаш, Алма збеснува и сфаќа дека е изиграна, поради што се враќа назад и започнува остра кавга меѓу неа и Елисабет, а потоа и тепачка; Елисабет бега од куќата и Алма трча по неа и ја моли за прошка, но потоа повторно збеснува и тие повторно се караат и тепаат; во една прилика, во куќата доаѓа сопругот на Елисабет и тој ја нарекува Алма со името Елисабет, а таа му возвраќа; во друга прилика, Алма раскажува како Елисабет го родила детето кое не го сакала; на тој начин, во психолошката тензија меѓу двете жени постепено доаѓа до замена на нивните личности...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 100 години од раѓањето на Бергман. Скопје: Кинотека на Македонија, 2018, стр. 16.
  2. 100 години од раѓањето на Бергман. Скопје: Кинотека на Македонија, 2018, стр. 16.