Пемза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Примерок на силно порозна пемза од вулканот Теида на Тенерифе на Канарски ОстровиКанарските Острови. Неговата густина е само 0,25 кг на кубен дециметар. Скалата е во сантиметри.

Пемза – лесна, бела или сива, извонредно шупликава и сунѓереста стена, со кисел или среднокисел состав[1]. Оваа високомеуреста пирокластично екструзивна магматска стена содржи риолит, трахит и фонолит.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Бојата на пемзата е обично светла, главно бела. Како екструзивна стена настанала при избув на вулкан. Нејзината просечна порозност е околу 90%. Пирокластичниот материјал е исфрлен во воздухот како пена која содржи меурчиња гас. Лавата брзо се стврднува, а меурчињата остануваат заробени во стената. Заради тоа пемзата е исклучително лесна, па не пропаѓа во вода и се користи за производство на лесни бетони.

Пемзата е многу лесна па често плови по вода[уреди | уреди извор]

Базалтната верзија на пемзата е позната како скорија и многу се разликува заради минералогијата. Кога е присутна поголема количина гас тогаш настанува ситнозрнеста верзија на пемзата позната како пемзит. Пемзата се смета за стакло бидејќи нема кристална структура – аморфен е. Варира и во густината во зависност од односот на меурчињата и цврстиот материјал. Многу примероци пемза пловат на вода. По експлозијата на вулканот Кракатау во Пацификот, долго време по избувот пливале сплавови пемза долги и до 25 метри. На некои растеле палми и друга вегетација. За време на подземните вулкански ерупции близу Тонга во 1979, 1984 и 2006 година настанале големи сплавови пемза долги и до 30 км кои пловеле илјадници километри до Фиџи.

Пемзата има многу мала густина

Постојат главно два вида облици на меурчињата. Некои содржат тубести и скоро паралелни меурчиња, па таквата пемза изгледа свилесто. Другиот облик на меурчињата е сферичен и таквата пемза настанува при повисоки притисоки во текот на избувот. Постоје два главна облика мехурића. Неки садрже тубасте и готово паралелне мехуриће, па такав пловућац изгледа свиласто. Други облик мехурића је сферичног облика и такав пловућац настаје при већим притисцима током ерупције.

Примена[уреди | уреди извор]

Пемзата многу се користи за правење исклучително лесен бетон. Се користи и како адитив на цементот и таквата пемза се нарекува поцолан и се меша со вар за да се направи лесен бетон. Ваков бетон се користи во времето на старите Римјани. Пемзата се користи и во козметиката за отстранување на вишок кожа на стапалата. Фино сомелена пемза се додава во некои забни пасти и во некои кремови за раце заради нејзината голема абразивност. Таканаречениот лавински сапун во себе содржи абразивна пемза, а го користат автомеханичарите и други кои многу ги валкаат рацете.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Геолошка терминологија и номенклатура IV петрологија, Beograd, 1975

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Надворешни врски[уреди | уреди извор]