Пежо 107
Произведувач | Пежо |
---|---|
Познат и како | Ситроен Ц1 Тојота Ајго |
Производство | 2005–2014 |
Склопување | Колин, Чешка |
Претходник | Пежо 106 Пежо 1007 |
Наследник | Пежо 108[1] |
Класа | мал градски автомобил (А) |
Вид каросерија | |
Распоред | мотор напред, погон напред |
Мотор |
|
Пренос | 5-брзински мануелен 5-брзински полуавтоматски |
Меѓуоскино раст. | 2340 mm |
Должина | 3430 mm |
Ширина | 1630 mm |
Висина | 1470 mm |
Конструктор | Донато Коко |
Пежо 107 (француски: Peugeot 107) – мал автомобил што го произведувала француската фабрика за автомобили Пежо во соработка со Тојота. Се произведувал од 2005 до 2014 година.
Историјат
[уреди | уреди извор]Тојота и групата ПСА во 2001 година долучиле да направат мал заеднички автомобил за да ги поделат трошоците за развој. На саемот за автомобили во Женева во 2005 година претставиле три автомобили, Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 107. Биле развиени на заедничка платформа и сите три се произведувале во иста фабрика во Колин, во Чешка.
Ајго, 107 и Ц1 ја делат основната платформа, но веќе на прв поглед видливо е дека дизајнерите за поедините марки одлично ја завршиле работата и ги поврзале овие автомобили со автомобилите од својата марка. Сите три возила се долги околу 3,4 метри, широки 1,6 метри и високи околу 1,4 метри. Возилата биле наменети за 4 лица и имало модели со 3 и 5 врати. Овие штедливи возила поседувале напредни технологии во поглед на безбедноста и заштитата на околината. Производниот капацитет на погонот била 300.000 возила годишно, по 100.000 од секој автомобил. Продажбата почнала во јули 2005.[2]
Пежо 107 двапати, во исто време со Ц1 и Тојота, во 2009 и 2012 година, бил редизајниран.[2] Производството било прекинато во 2014 година, кога го наследил Пежо 108.
Мотори
[уреди | уреди извор]Модел | Зафатнина | Цилиндри/ вентили |
kW/КС | Напомена |
---|---|---|---|---|
Бензин | ||||
1,1i | 996 cm³ | 3/12 | 51 kW / 68 КС | |
Дизел | ||||
1,4 HDi | 1398 cm³ | 4/8 | 40 kW / 55 КС |
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „New Peugeot 108 to be built with Toyota“. Auto Express. 2012-11-23.
- ↑ 2,0 2,1 „Историјат 107“ (руски). avtomarket.ru.