Тојота Ајго
| Произведувач | Тојота |
|---|---|
| Познат и како | Пежо 107 (2005–2014) Пежо 108 Ситроен Ц1 |
| Производство | 2005–до денес |
| Склопување | Колин, Чешка |
| Класа | Мал градски автомобил (А) |
| Вид каросерија | 3 врати хечбек 5 врати хечбек |
| Распоред | мотор напред, погон напред |
Тојота Ајго (Toyota Aygo) – мал автомобил што го произведува јапонската фабрика за автомобили Тојота во соработка со групата ПСА. Се произведува од 2005 година до денес.
Прва генерација (2005-2014)
[уреди | уреди извор]| Производство | февруари 2005–2014 |
|---|---|
| Склопување | Колин, Чешка |
| Вид каросерија | |
| Распоред | мотор напред, погон напред |
| Мотор |
|
| Меѓуоскино раст. | 2340 mm |
| Должина | 3405 mm |
| Ширина | 1615 mm |
| Висина | 1465 mm |
| Нетоварена тежина | 890 кг |
Во 2001 година Тојота и групата ПСА одлучиле да направат мал заеднички автомобил за да ги намалат трошоците за развој. Ситроен, Пежо и Тојота на саемот на автомобили во Женева претставиле готово три идентични мали автомобили од А-сегментот: Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 107. Биле развиени на заедничка платформа и сите три се произведувале во иста фабрика во Колин, во Чешка.
Ајго, 107 и Ц1 ја делат основната платформа, но веќе на прв поглед видливо е дека дизајнерите за поедините марки одлично ја завршиле работата и ги поврзале овие автомобили со автомобилите од својата марка. Сите три возила се долги околу 3,4 метри, широки 1,6 метри и високи околу 1,4 метри. Возилата биле наменети за 4 лица и имало модели со 3 и 5 врати. Овие штедливи возила поседувале напредни технологии во поглед на безбедноста и заштитата на околината. Производниот капацитет на погонот била 300.000 возила годишно, по 100.000 од секој автомобил. Продажбата почнала во јули 2005 година [1]
Тојота Ајго двапати, во исто време со Пежо и Тојота, во 2009] и 2012 година, извршила редизајн на автомобилот.
Мотори
[уреди | уреди извор]| Модел | Зафатнина | Цилиндри/ вентили | kW/КС | Напомена |
|---|---|---|---|---|
| Бензин | ||||
| 1,1i | 996 cm³ | 3/12 | 51 kW / 68 КС | |
| Дизел | ||||
| 1,4 HDi | 1398 cm³ | 4/8 | 40 kW / 55 КС | |
Галерија
[уреди | уреди извор]- На саемот во Белград во 2005 година
Втора генерација (2014-2021)
[уреди | уреди извор]| Познат и како | Пежо 108, Ситроен Ц1 |
|---|---|
| Производство | мај 2014–2021 |
| Склопување | Колин, Чешка |
| Претходник | Тојота iQ |
| Вид каросерија | |
| Распоред | мотор напред, погон напред |
| Мотор | 1,0 L трицилиндричен бензинец 1,2 L трицилиндричен бензинец |
| Меѓуоскино раст. | 2340 mm |
| Должина | 3455 mm |
| Ширина | 1615 mm |
| Висина | 1460 mm |
На саемот за автомобили во Женева во 2014 година, Тојота го претставила новиот изглед, комплетно редизајнирана верзија на Ајго, која била конструирана во фабриката на Тојота и Пежо во Колин, Чешка. Дизајнот ѝ се припишувал на јапонската младешка култура инспирирана од роботот Астро Бој и јајце во кутија, и целта на Ајго била да биде попристапен на младите возачи и да овозможи поголемо ниво на корисничка адаптибилност.[2][3] Нејзиното производство почнало на 27 мај 2014 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тојота Ајго“ (англиски). netcarshow.com. Посетено на 10 февруари 2014.[мртва врска]
- ↑ Philip, Sam (2014-03-03). „It's the new Toyota Aygo. No, really“. Top Gear. Архивирано од изворникот на 2015-06-04. Посетено на 2019-10-15.
- ↑ Toyota. "All-new Toyota AYGO revealed". Соопштение за печат. посет. 11 февруари 2015 г Архивирано на 11 февруари 2015 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Тојота Ајго“ на Ризницата ? |