Прејди на содржината

Пежо 106

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пежо 106
Peugeot 106
ПроизведувачПежо
Производство1991–2003 (2.798.200 возила)
СклопувањеФранција, Алжир
ПретходникПежо 205
Пежо 104
НаследникПежо 107
Пежо iOn
Класамал градски автомобил (А)
Вид каросерија
Распоредмотор напред, погон напред
Мотор
  • 1,0 L четирицилиндричен бензински
  • 1,1 L четирицилиндричен бензински
  • 1,3 L четирицилиндричен бензински
  • 1,4 L четирицилиндричен бензински
  • 1,6 L четирицилиндричен бензински
  • 1,5 L четирицилиндричен дизел
  • 11 kW електричен мотор
Меѓуоскино раст.2385 mm (1991–1996)
2387 mm (1996–2003)
Должина3564 mm (1991–1996)
3678 mm (1996–2003)
Ширина1590 mm (1991–1996)
1594 mm (1996–2003) )
1610 mm GTi
Висина1369 mm (1991–1996)
1380 mm (1996–2003) )
1357 GTi
Нетоварена тежина790-950 кг
СродниСитроен саксо

Пежо 106 (француски: Peugeot 106) – мал автомобил што го произведувала француската фабрика за автомобили Пежо. Се произведувал од 1991 до 2003 година.

Историјат

[уреди | уреди извор]

Пежо 106 бил претставен во 1991 година на саемот за автомобили во Франкфурт. Бил наследник на моделот 104, иако во голема мера се смета за замена на моделот 205. Целта му била на пазарот директно да се натпреварува со Клиото, кое било лансирано година дена порано. Првично автомобилот бил претставен со три врати, а од 1992 година почнал да се произведува и со пет врати. Платформата му е иста како на саксото и незначително се разликуваат по ентериерот и дизајнот.

Во 1995 година Пежо ја вовел и верзијата на електричен погон под име 106 електрик.

Во април 1996 година, моделот бил подвргнат на редизајн и модернизација. Благо му е променет изгледот, а под хаубата добил цела низа нови погонски мотори. Меѓутоа од 1999 година побарувачката за 106 сериозно паднала. Причината главно била големата конкуренција на пазарот како и фактот дека во 1998 година Пежо го вовел новиот модел 206, кој го свртел вниманието на купувачите. Во 2003 година било прекинато производството, а наследникот се појавува дури во 2005 година и ја носи ознаката 107.[1]

Во Пежо 106 се вградувале бензински мотори од 1,0 (45 и 50 КС), 1,1 (54 и 60 КС), 1,3 (98 КС), 1,4 (75, 94 и 98 КС) и 1,6 (88 и 103 КС), како и дизел-мотори од 1,4 (50 КС) и 1,5 (58 КС). По редизајнот во 1996 година биле вградувани и бензинските мотори 1,4 (71 КС), 1,6 (101 КС) и 1,6 16V (118 КС), и дизел 1,5 (54 и 57 КС).[2]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]
Модел Година
на производство
Мотор Зафатнина
см³
Моќност
CV/rpm
Вртежен момент
N m/rpm
Менувач/
N°брзина
Тежина
празен
(кг)
Брзина
макс
Забрзување
0-100 км/ч
Потрошувачка
(l/100 км)
Бензински модели
106 954i1991-92TU9/K95444/520073.6/2400M/576014519"5,9
1993-96TU9 M/Z50/600073,5/37007801496,3
1996-200179515019"26,6
106 1,1i1991-92TU1 F2/K112460/580087.5/320078016013"85,7
1993-96TU1 M/Z60/620087.5/380016513"76,4
1996-008157
2001-04TU1 JP60/550094/340012"46,8
106 1,3i Rallye1993-96TU2 J2/Z129498/7200108/54007651909"37,8
106 1,4i1991-92TU3 F2/K136075/5500116/380082017511"36,7
1993-96TU3 M/Z111/3400
1996-0481518012"97,5
106 1,4 Automatica1997-00A/388516617"7,9
106 1,4 XSi1991-92TU3 FJ2/K98/6800123/4200M/585019010"6,8
106 1,4 XSi Kat1992-94TU3 FJ2/Z94/6600117/42008601877,5
106 1,6 Automatica1996-97TU5 JP158788/5600135/3000A/391517813"59,3
106 1,6 XSi1994-96TU5 J2/L3103/6200132/3500M/58701959"77,6
106 1,6i Rallye1996-999009"28,4
106 1,6 16v GTI1996-98TU5 J4118/6600145/52009502058"78,1
106 1,6 16v Rallye1998-04
Дизел модели
106 1,4 diesel1991-95TUD3136050/500082/2500M/584014921"55,4
106 1,5 diesel1995-96TUD5152758/500095/225088015516"94,8
1996-0487515818"55,6

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пежо 106“ (руски). avtomarket.ru.
  2. „Спецификации“ (англиски). auto-types.com. Архивирано од изворникот на 2014-02-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]