Патрик Оуржедник
Патрик Оуржедник (чешки: Patrik Ouředník) (23 април 1957 - ) - чешки и француски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Патрик Оуржедник е роден во 1957 година, а во 1985 година се преселил во Париз.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Оуржедник станал познат како автор на „Проста историја на чешкиот јазик“. Исто така, тој е автор и на поетските збирки „Или“ и „Ако речам не“, на збирката со библиски и парабиблиски изреки „Ништо ново под сонцето“, како и прозните дела: „Разговор за евентуално пиење вино“, „Дваесет и четвртата година“, „Европеана“, „Затворен случај“ и „Историја на Франција“. Покрај тоа, Оуржедник ги напишал и следниве дела: драмата „Денес и задутре“, есејот „Барање на загубениот јазик“ и збирката статии и интервјуа „Слободниот простор на јазикот“.[1]
Оуржедник направил и бројни преводи на чешки јазик, вклучувајќи дела на Франсоа Рабле, Алфред Жари, Анри Мишо, Семјуел Бекет, Борис Вијан итн.[1]