Парте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Парте
Parthe
Parthe near Taucha.JPG
Парте кај Тауха
ЗемјаГерманија
Слив
Главен изворСаксонија
УстиеВајсе Елстер
51°21′39″N 12°20′32″E / 51.36083° СГШ; 12.34222° ИГД / 51.36083; 12.34222Координати: 51°21′39″N 12°20′32″E / 51.36083° СГШ; 12.34222° ИГД / 51.36083; 12.34222
Физички особености
Должина60 км

Парте е река во Саксонија, Германија, десна притока на Вајсе Елстер. Нејзина вкупна должина е 60 километри. Парте потекнува од северна Саксонија, помеѓу Колдиц и Бад Лаузик. Тече северозападно низ Партенштајн, Наунхоф, Борсдорф и Тауха пред да влезе во градот Лајпциг. Парте се влива во Вајсе Елстер во северозападен Лајпциг.

Тек[уреди | уреди извор]

На нејзиниот тек низ низината околу Лајпциг (Leipziger Tieflandsbucht), Парте тече низ Гросбардау, Партенштајн, Наунхоф, Бојха, Борсдорф, Панич, Тауха и Лајпциг. Во Парте се вливаат, меѓудругите, Гладеграбен, Мала Парте, Тодграбен, Мителграбен, Гренцграбен, Трене, Цаухграбен, Кителграбен, Вахтелбах, Лезеграбен, Штадицбах, Хазенграбен и Ридгенграбен. Парте низ Лајпциг тече низ камено речно корито, кое е видливо.

Име[уреди | уреди извор]

Меѓудругите, општината Партенштајн и сообраќајната раскрсница Партенауе (спојувањето на А38 во А14) се наречени по реката.

Поплава 2002[уреди | уреди извор]

Во текот на поплавата на столетието на Елба во 2002, Парте исто така се излила од нејзиното користо. Ова довело до штета во селата и градовите, како што се Клајнбардау и Гросбардау.

Рекреација и природа[уреди | уреди извор]

Велосипедската патека Парте-Мулде, долга 51 километар од Грима преку Наунхоф, Борсдорф и Тауха до Лајпциг води долж реката Парте. Таа е дел од мрежата на велосипедски патеки, кои водат од Лајпциг до Фрајбергер Мулде, како и реката Елба.

Во Тауха и Лајпциг-Абтнаундорф, Парте тече низ паркови. Големи делови на речниот тек се прогласени како „Природен резерват Партенауе-Махерн“.