Панче Неделковски (Тодоров)
Панче Неделковски | ||
Роден | 1924 година Усје, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Будровци, Хрватска |
Панче Тодоров Неделковски ( 1924 Усје, Скопје ― 12 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во веќе прославената Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која заминал за Косово. Таму учествувал во бројните борби за ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Во близината на Белград со успех ја завршил воената настава и потем се вклучил со својата единица во борбите за пробив на Сремскиот фронт. Во нападот на 12 април 1945 година бил во првите борбени линии. Се пројавил со храброст при пробивот на германските укрепени позиции. Меѓутоа, во борбата за Будровци бил погоден од непријателски рафал. Загинал пред дефинитивното ослободување на Југославија.