Прејди на содржината

Пане кои Санти

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пане кои санти (италијански: Pane coi santi) е традиционален италијански овошен леб.[1] Се пече во рерната со дрва и се јаде околу времето на Ден на сите светци на 1 ноември и наредниот ден. Тоа е специјалитетот на Сиена и Марема.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Лебот е традиционален италијански регионален производ, кој е силно поврзан и со градот Сиена и со празникот Ден на сите светци на 1 ноември и следниот ден. Џорџ Гисинг во својот дневник за 1 ноември 1897 година напишал: „Во Сиена (и само овде) денес сите јадат еден вид на многу обична торта од сливи која е наречена Пане кои санти“.

Подготовка

[уреди | уреди извор]

Традиционалните состојки се брашното, маслиновото масло, сувото грозје и оревите. Другите состојки може да вклучуваат и бадеми, борови семки, мед, смокви и урми.

Од брашното се прави заквасено тесто за леб, и потоа се мешаат и останатите состојки.[3] Потоа се оформува во низок круг или овален леб кој се пече во рерна дрва. Резултатот е миризлив, умерено темно кафеав леб кој е прилично мек.[4]

  1. Michele Scicolone (1993). La Dolce Vita. New York: W. Morrow. ISBN 9780688111496
  2. Allegato al decreto PAT 2019 (in Italian). Ministero delle politiche agricole alimentari, forestali e del turismo. Accessed November 2021.
  3. Grazietta Butazzi, Tino Buazzelli (1988). Toscana in bocca. Palermo: La Nuova Edrisi. ISBN 9788878090118.
  4. Luigi Cremona (2004). L'Italia dei dolci (in Italian). Milan: Touring Club Italiano. ISBN 9788836529315.