Панде Шахов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панде Шахов
Роден 29 јануари 1973(1973-01-29)(51 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање композитор

Панде Шахов (р. 29 јануари 1973 во Скопје) — македонски композитор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Музичката едукација ја започнува во Скопје. Првите часови по композиција ги добива од композиторот, aкадемик Ристо Аврамовски. Подоцна студира на Факултетот за музичка уметност во класата на Томислав Зографски, каде што и дипломирал во 1997 година. Магистерски студии завршува во Лондон (стипендист на Британскиот Форин Офис), на Кралскиот колеџ за музика во класата на Џулијан Андерсон. Во 2013 година докторирал на Кралскиот лондонски универзитет под менторство на Филип Кашин.

Во последните години развива плодна активност и како концертен организатор, координатор на семинари и работилници и како диригент на современа музика. Од 2013 година е ангажиран како уметнички директор на Фестивалот Фарнам во Сари (Франција). Живее во Англија и работи како професор на Кралскиот колеџ за музика во Лондон.

Во неговата камерна и оркестарска музика има влијанија од импресионизмот и доцниот романтизам, но и од македонскиот музички фолклор.

Шахов е член на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шашко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1649. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]