Томислав Зографски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 29 март 1934
Велес , Кралството Југославија Кралството Југославија
Починал 14 јануари 2000
Скопје ,  Македонија
Занимање композитор


Томислав Зографски (Велес, 29 март 1934 - Скопје, 14 јануари 2000) бил македонски композитор.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Зографски е роден во Велес на 29 март 1934 година. Студиите по композиција ги завршил на Музичката академија во Белград. Од 1967 година, па до крајот на животот бил професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тој е еден од најистакнатите претставници на македонската современа музика. Во својата прва творечка етапа, под влијание на С. Прокофјев и И. Стравински, прв во македонската музика внесол елементи на музичкиот неокласицизам. Во понатамошниот композиторски развој, тој прифатил помодерен начин на музичко изразување, барајќи сопствен израз во актуелните музички струења, но задржувајќи, во трансформиран вид, и елементи од претходниот период. Во вокално-инструменталните дела од овој период, карактеристично е обраќањето на авторот кон македонската световна и духовна музичка традиција, како извор на творечка инспирација. З. е автор на дела од повеќе музички родови. Тој ги искористува тонските низи на традиционалната македонска музика, како на пр. во циклусот „Записи“ за длабок глас и пијано (1963), едно од најзрелите дела во неговиот опус, каде вклучува фрагменти од византиско-словенската оставина на македонска почва, т.е. мелодиски фрагменти од т.н. пападикиско пеење на Свети Јован Кукузел од 14 век. Во ист стил е напишан и ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“, за бас, рецитатор, хор и оркестар (1969). Меѓу камерните дела на авторот се издвојува „Есеј за дождот“, циклус за висок глас и оркестар (1982). Починал во Скопје на 14 јануари 2000 година. Во негова чест постои истоимена фондација која ја доделува награда за што го носи неговото име.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Томислав Зографски - Од композиторскиот опус. Скопје: Музички издавачки центар. 2012. 
  2. Мирчески, Спасе (2006) (на македонски). Алманах на Република Македонија: хронологија 1998-2001 година. Киро Дандаро. 
  3. „НАГРАДА „ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ““ (македонски). Охридски хорски фестивал. конс. 2012-02-10. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]