Осмиот патник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Осмиот патник (англиски: Alien) е филмски серијал од жанрот „научно-фантастичен хорор“.

Првиот филм од серијалот, режиран од Ридли Скот, започнал да се прикажува во 1979 година, а во главните улоги настапувале: Сигурни Вивер (како поручникот Рипли), Том Скерит и Џон Херт. Филмот постигнал голем успех, донесол многу новини во жанрот и станал дел од популарната култура, а добил и еден „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.[1]

Второто продолжение се појавило во 1986 година, а како режисер се јавил Џејмс Камерон. Во филмот глумеле Сигурни Вивер, Мајкл Бин, Ланс Хенриксен итн. Филмот имал дури седум номинации за „Оскар“, а добил две награди: за визуелни ефекти и за звучна монтажа.[2]

Третиот „Осми патник“ се појавил во 1992 година во режија на Дејвид Финчер, познат по филмовите „Седум“ и „Боречки клуб“. Во 1997 година следувало четвртото продолжение, дело од Жан Пјер Жене, режисерот на филмовите „Амелија Пулен“ и „Продавница за деликатеси“, а во него, покрај Сигурни Вивер, глумела и Винона Рајдер.[3]

Во февруари 2015 година било објавено дека ќе се снима петто продолжение на серијалот, во режија на Нил Бломкамп, кој претходно ги режирал научно-фантастичните филмови „Елисеум“ и „Дистрикт 9“, а Ридли Скот ќе биде во улога на продуцент. За главната улога, повторно, била најавена Сигурни Вивер. Режисерот Бломкамп ги најавил првите скици за филмот, според кои тој ќе се потпира врз приказната од филмот „Прометеј 2“, т.е. ќе ја обработува приказната за почетоците на култните филмски чудовишта.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Враќање на омиленото филмско чудовиште“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 15.
  2. „Враќање на омиленото филмско чудовиште“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 15.
  3. „Враќање на омиленото филмско чудовиште“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 15.
  4. „Враќање на омиленото филмско чудовиште“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 15.