Прејди на содржината

Онгерман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Онгерман
Карта
Изворно имеÅngermanälven
Местоположба
ЗемјаШведска
Физички особености
УстиеБотниски Залив
  координати
62°48′N 17°56′E / 62.800°N 17.933°E / 62.800; 17.933
  надм. вис.
0 м
Должина460 км[1]
Големина на сливот31.864 км2[2]
Проток 
  просечен500 м3[1]
Особености на сливот

Онгерман (шведски: Ångermanälven) — една од најдолгите реки во Шведска со должина од 460 км. Таа е трета по полноводност во земјата, по Јета и Луле.

Името на реката доаѓа од старонордискиот поим anger, што значи „длабок фјорд“ и се јавува како топонимска составница во Норвешка и Норланд во Шведска.

Реката извира од Скандинавските Планини на југот на шведската покраина Лапонија. Потоа тече низ Јемтланд, и станува пополноводна во покраината Онгерманланд, чие име е земено од реката. Главни притоки се Војмон, Фјелше и Факс. По течението од Онгерман се двои растоката Венгел.

Онгерман е пловен околу 80 км од морето.[3] Во последните 30 км (по гратчето Сулефтео) тече низ живописната долина Одален. Реката завршува во Ботнискиот Залив на Балтичкото Море близу гратчето Крамфорс.

  1. 1 2 NE (2010).
  2. SMHI (2010).
  3. EB (1878).

Бибиографија

[уреди | уреди извор]
  • „Angermann“ , Encyclopædia Britannica, 9th ed., Vol. II, New York: Charles Scribner's Sons, 1878, стр. 29.
  • „Ångermanälven“, Nationalencyklopedin, Посетено на 11 јули 2010. (бара претплата) (шведски)
  • „Län och huvudavrinningsområden i Sverige“ (PDF), SMHI, Swedish Meteorological and Hydrological Institute, Посетено на 11 јули 2010. (шведски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]