Омахеке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Омахеке
Omaheke
регион
Местоположба на Омахеке на картата на Намибија.
Местоположба на Омахеке на картата на Намибија.
ДржаваНамибија
Адм. центарГобабис
Управа
 • ГувернерПиџо Нганате[1]
Површина[2]
 • Вкупна84,981 км2 (32,811 ми2)
Население (2011)[3]
 • Вкупно71,233
 • Густина0,84/км2 (2,2/ми2)
Часовен појасUTC+2
ИЧР (2017)0.600[4]
medium · 10th

Омахеке (Omaheke) е еден од четиринаесетте региони на Намибија. Административен центар на регионот е Гобабис. Регионот се наоѓа во источна Намибија и ја зафаќа пустината Калахари, односно намибискиот дел на пустината. Името потекнува од херерскиот и значи „песочен велд“.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Регионот е составен од седум административни единици:[5] Херероланд (апертхајдскиот бантуленд) е дел од овој регион.[6]

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Економски, административен и културен центар на регионот е Гобабис. Градот има добра поврзаност со Виндхук, преку патишта и железница. Сите населени места во регионот се поврзани со Гобабис. Има добра инсфраструктура, како на пример полициски департман, две болници, клиника, образовни институции и сличо.

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението е воглавно сточарско. Во регионот има 42 училишта со 18.365 ученици.[7]

Невработеноста во регионот за 2012 година била 34.1%.[8]

Според пописот од 2011, 43% од населението зборувале херерски јазик, 30% намански јазик и 8% африканс.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Goodbye“. Namibian Sun. 10 April 2020. стр. 1.
  2. „Namibia's Population by Region“. Election Watch. Institute for Public Policy Research (1): 3. 2013.
  3. 3,0 3,1 „Omaheke 2011 Census Regional Profile“ (PDF). Statistics Namibia. Посетено на 10 April 2020.
  4. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
  5. Omaheke Region Constituencies Archived 2008-12-31 at the Wayback Machine Electoral Commission of Namibia
  6. Region of Namibia Namib Web
  7. Miyanicwe, Clemans; Kahiurika, Ndanki (27 November 2013). „School counsellors overstretched“. The Namibian. стр. 1.
  8. Duddy, Jo Maré (11 April 2013). „Unemployment rate still alarmingly high“. The Namibian. Архивирано од изворникот на 14 April 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 22°00′S 19°30′E / 22.000° S; 19.500° E / -22.000; 19.500