Комас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Регион Комас
Khomas Region
регион
Местоположба во Намибија
Местоположба во Намибија
ДржаваНамибија
Адм. центарВиндхук
Управа
 • ГувернерЛора Меклиод Катјируа[1]
Површина[2]
 • Вкупна36.964 км2 (14.272 ми2)
Население (2018)[3]
 • Вкупно447.636
 • Густина12/км2 (31/ми2)
Часовен појасCAT (UTC+2)
HDI (2017)0.740[4]
high · 1
Мреж. местоhttps://www.khomasrc.gov.na/

Комас (англиски, африкаанс и германски: Khomas) е еден од 14-те региони во Намибија. Името на регионот потекува од висорамнината Комас, географска карактеристика која е доминантна во овој регион.

Географија[уреди | уреди извор]

Центар на Комас е Виндхук и поради тоа овој регион е со најдобра инфраструктура и најголем развој во државата. Регионот е скоро целосно во висорамнината. На запад и северозапад се наоѓа регионот Еронго, на север Очозондјупа, на исток Омахеке и на југ регионот Хардап. Во регионот има многу долини. Комас е еден од трите региони во државата кои немаат излез на море или делат меѓународна граница. Овој регион има вкупна површина од 36,964 километри квадратни или 4,5% од вкупната површина на Намибија.[5] Во однос на бројот на жителите, овој регион е најнаселен.

Административни единици[уреди | уреди извор]

Регионот е составен од 10 административни единици:[6]

Развој[уреди | уреди извор]

Комас е економски, инфраструктурно и транспортно најразвиен во државата. Во регионот има над 100 училишта со околу 73,302 ученици (податоци за 2013 година).[7]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година, Комас имал население од 250,262 жители со годишен раст од 4%. Стапката на плодност во регионот била 4,9 деца по жена. Околу 93% од населението на регионот живее во урбана средина. Густината на населението била 6,8 лица на километар квадратен.[8] Една третина се Белци и „обоени“.

Најчесто говорен јазик во државата е овамбоанскиот (37% од домаќинствата), потоа следуваат африкаанс (24%), намански (13%) и херерски (9%). Покрај овие, во регионот се зборуваат и англиски и германски.[9] Писменоста во регионот е 94%.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „President announces governors“. The Namibian. 10 April 2015. Архивирано од изворникот на 14 April 2015. Посетено на 14 April 2015.
  2. „Namibia's Population by Region“. Election Watch. Institute for Public Policy Research (1): 3. 2013.
  3. https://cms2.my.na/assets/documents/NLFS_2018_Report_Final_.pdf
  4. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
  5. Kapitako, Alvine (12 November 2010). „ELECTIONS 2010: Khomas Region profile / New Era - Skills Shortage Worries Govt“. New Era. Архивирано од изворникот на 5 December 2012.
  6. Khomas constituencies at the Electoral Commission of Namibia
  7. Miyanicwe, Clemans; Kahiurika, Ndanki (27 November 2013). „School counsellors overstretched“. The Namibian. стр. 1.
  8. „Khomas Region – Census Indicators, 2001“. National Planning Commission. 2001. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 2008-12-27.
  9. Tonchi, Victor L., William A. Lindeke, and John J. Grotpeter, "Khomas Region" Historical Dictionary of Namibia. 2nd edition. Toronto: The Scarecrow Press, Inc, p. 211.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 22°48′S 17°00′E / 22.800° S; 17.000° E / -22.800; 17.000