Прејди на содржината

Африканс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Африкаанс)
Африканс
Afrikaans
Изговорафрикаанс
Застапен воЈАР, Намибија
ПодрачјеАфрика
Говорници6,44 милиони (како мајчин)  
Јазично семејство
Писмоафриканска азбука
Статус
Службен воЈАР, Намибија
Регулативен органЈазична комисија за Африканс
Јазични кодови
ISO 639-1af
ISO 639-2afr
ISO 639-3afr
{{{mapalt}}}
Регионите обоени со темносина боја ги претставуваат регионите каде се сконцентрирани говорниците на африканс

Африканс (изворно: Afrikaans) е индоевропски јазик, настанат од холандскиот јазик и класифициран како долнофранконско германски јазик. Јазикот претежно се зборува во ЈАР и Намибија но има говорници и во Боцвана, Ангола, Свазиленд, Зимбабве, Лесото, Замбија, Аргентина и Нов Зеланд. Миграцијата на работната сила можеби има околу 100.000 говорници на африканс во Обединетото Кралство. Јазикот е мнозинство во една третина од западна ЈАР но исто така мнозински јазик во јужна Намибија. Јазикот настанал во 17 век од холандски јазик и бил познат и како африкански холандски јазик. Бил сметан за дијалект сè до 19 век кога почнал да се признава како посебен јазик и постигнал еднаков статус со холандски јазик и англиски јазик во рамките на ЈАР. Африканс и холандски јазик се многу слични речиси идентични.

Фонетика

[уреди | уреди извор]

Гласовите на африканс се:

букваМФАзабелешки
aʌ, a
aaɑː
aai
au, owou
bb, pна крај од збор се изговара п
chx
cs, kсекаде е к освен пред 'e', 'i', или 'y'
dd, tна крај од збор се изговара т
djc
eɛ, iˑe, ə, æ
êɛː, æ
eeiˑe
eeuiːu
ei, ey, yəi
euøː
ff
gx, g, ç
ghg, kна крај од збор се изговара к
hɦ
ii, ə
iei
ieuiu
jj
kk
ll
mm
nn, ŋпред k или g се изговара како ŋ
ngŋ
nsn е тивка а претходната самогласка е назализирана
oɒ, uˑo
oeu
oeiuiː
oi, oyoj
oouˑo
ooiɔiː
pp
qk
rɾ
ss
sjʃ
tt
tj, kj
uɵ, y
uuy
ûœː
ui, uyœy
vf
wv, w
xks
zz