Прејди на содржината

Источно Каванго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источно Каванго
Kavango East
регион
Авионски поглед кон Рунду
Авионски поглед кон Рунду
Источно Каванго на картата на Намибија
Источно Каванго на картата на Намибија
ДржаваНамибија
СедиштеРунду
Управа
 • ГувернерБонифациј Вакудумо[1] (СВАПО)
Час. појасUTC+2

Источно Каванго (Kavango East) е еден од четиринасетте региони во Намибија. Административен центар на регионот е Рунду. Овој регион е создаден во 2013 година, кога се поделил поранешниот регион Каванго на два дела: Источно Каванго и Западно Каванго.

Географија

[уреди | уреди извор]

Како и Западно Каванго, така и овој регион е доста повлажен за разлика од останатите региони во Намибија со пообилни врнежи во теков на годината. Поради тоа, регионот има потенцијал за развој на земјоделството и стопанисувањето со шуми.

Во рамките на регионот влегува во состав и западната половина на појасот Каприви (остатокот е во склоп на регионот Замбези). На север Источно Каванго граничи со Ангола, на југ и јуозапад со Боцвана. На исток граничи со регионот Замбези, на југозапад со Очозондјупа и на запад со Западно Каванго.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Регионот е поделен на шест административни единици:[2][3]

  1. ↑ „Goodbye“. Namibian Sun. 10 April 2020. стр. 1.
  2. ↑ Haufiku, Mathias (22 August 2013). „Kavango awaits second governor“. New Era. Архивирано од изворникот на 31 August 2013. Посетено на 27 August 2013.
  3. ↑ Nakale, Albertina (9 August 2013). „President divides Kavango into two“. New Era. allafrica.com. Архивирано од изворникот на 22 October 2014. Посетено на 16 August 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

18°20′S 20°35′E / 18.333°S 20.583°E / -18.333; 20.583