Прејди на содржината

Олга Кучеренко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Освоени медали
атлетика
Скок во далечина
Светско првенство
2 место 2011 година Тегу ДИСКВАЛИФИРАНО
Европско првенство
3 место 2010 година Барселона 6,84
Европско првенство во сала
3 место 2009 година Торино 6,82

Олга Сергеевна Кучеренко ( руски: О́льга Серге́евна Кучере́нко; Волгоград, 5 ноември 1985 година ) е руски спортист, специјалист за скок во далечина. Таа е член на СК Динамо Волгоград, а нејзин тренер е Галина Шкурлатова .

Животопис

[уреди | уреди извор]

Првите значајни успеси Олга Кучеренко ги постигнала во 2009 година, кога станала руски шампион во сала, освоила бронзен медал на Европското првенство во сала што се одржало во Торино во 2009 година, со скок од 6,82 метри и второ место на Европско екипно атлетско првенство 2009 година зад Наида Гомес од Португалија и петто место на Светскиот куп во Берлин.

Олга Кучеренко на СП 2013

Во 2010 година во Сочи, Олга Кучеренко за прв пат во кариерата ја минала границата од 7 метри, поставувајќи личен рекорд од 7,13 м, што воедно бил и најдобар светски резултат за 2010 година.[1] На првото натпреварување во Дијамантската лига на 4 јуни 2010 година во Осло, таа победила со 6,91 м. Истата година, таа се пласирала на третото место на Европското првенство во Барселона (6,84 м) зад Инета Радевича и Наида Гомес.[2]

Олга Кучеренко на Светското првенство во Тегу со 6,77 м, 5 cm зад победничката Бритни Рис.[3] На почетокот на сезоната 2012 година во Краснодар, таа поставила нов личен рекорд во салата 6,9м и на 20 јануари 2013 година на истото место го подобри личниот рекорд и скокна 7 метри за прв пат во салата.

Резултатите од Светското првенство 2011 беа последователно поништени поради неуспешен тест на дрога. Повторното тестирање во 2016 година на примерокот што го даде на натпреварот се врати позитивно како резултат на подобрените процеси на откривање. Таа доби двегодишна забрана за учество во натпреварот и нејзините резултати од периодот од 28 август 2011 година до 28 август 2013 година беа поништени, а освоениот сребрен медал беше одземен и доделен на третопласираната Инета Радевича од Летонија .[4]

Значајни резултати

[уреди | уреди извор]
Година Натпревар Место Пласман Резултат
 Русија
2008 година Светско првенство во сала Валенсија,Шпанија 10 6,32
2009 година Европско првенство во сала Торино, Италија 3 6,82
Европско екипно првенство Леирија, Португалија 2 6,73
Светско првенство Берлин, Германија 5 6,77
ИААФ Светско финале Солун, Грција 4 6,61
2010 година Европско екипно првенство Берген Норвешка 2 6,67
Европско првенство Барселона, Шпанија 3 6,84
2011 година Светско првенство во атлетика Тегу, Јужна Кореја ДИСК 6,77
2013 година Европско првенство во сала Гетеборг, Шведска 6 6,62
Светско првенство Москва, Русија 5 6,81

Лични рекорди

[уреди | уреди извор]

Ова е список на лични рекорди според профилот на Олга Кучеренко на мрежната страница на ИААФ.[5]

Дисциплина Резултат Место датум
Скок во далечина 7,13 м Сочи 27 мај 2010 година
Скок во далечина во сала 7,00 м Краснодар 20 јануари 2013 година

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. Светска ранг листа у скоку удаљ за жене за 2010 годину на сајту ИААФ
  2. „Резултати ЕП 2010“. Архивирано од изворникот на 21 септември 2013. Посетено на 3 април 2014.
  3. „Резултати финала скока удаљ за жене на“. Архивирано од изворникот на 28 февруари 2014. Посетено на 1 септември 2018.
  4. Palmer, Dan (2017-02-01). Long jumper Kucherenko banned for two years, reports claim. Inside the Games. Посетено на 17. 3. 2018.
  5. рекорди на сајту ИААФ[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]