Прејди на содржината

Огроздна земјомерка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Огроздна земјомерка
Единка во Оксфорд, Англија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Пеперутки
Семејство: Земјомерки
Род: Страчкини земјомерки
Вид: Огроздна земјомерка
Научен назив
Abraxas grossulariata
Linnaeus, 1758
Синоними
  • Abraxas karafutonis Matsumura, 1925
  • Abraxas grossulariatus (Linnaeus, 1758)

Огроздна земјомерка (научAbraxas grossulariata) — молец од семејството на земјомерките (Geometridae) распространет ширум Палеарктикот (вклучувајќи ја Македонија) и Северна Америка. Наречен е по тоа што неговата гасеница се храни со листови од огрозд и рибизла. Видот прв го опишал шведскиот биолог Карл Линеј во X издание на Систем на природата од 1758 г.

Молецот има предни крила со должина од 18–25 мм. Шарите се впечатливи, со шест попречни низи од црни дамки на бела основа, со светложолт појас по средината и кај крилните почетоци. Задните крила се побледи, со помал број ситни дамки.

Ова е мошне значаен вид за ентомологијата поради разнообразноста на неговите облици. Испитувањето на овој вид довело до откривањето на половонаследните особини кај организмите.

Подвидови

[уреди | уреди извор]

Гасеницата на огроздната земјомерка се храни со листови од следниве видови растенија:

  • G. Evelyn Hutchinson, 1969 Some continental European aberrations of Abraxas grossulariata Linn. (Lepidoptera) with a note on the theoretical significance of the variation in the species Transactions of the Connecticut Academy of Arts and Sciences v. 43, p. 1-24.
  • G. Evelyn Hutchinson, 1974 New and inadequately described aberrations of Abraxas grossulariata (Linn.) (Lep. Geometridae). Entomological Record 86:199–206.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Огроздна земјомерка на Викивидовите ?
  • „Огроздна земјомерка“Енциклопедија на живиот свет
  • Огроздна земјомерка на UKMoths
  • Савела, Марку. Abraxas grossulariatus (Linnaeus, 1758)“. Пеперутки и некои други облици на живот. Посетено на 1 февруари 2019. (англиски)
  • Огроздна земјомерка на Lepiforum