Рибизла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рибизла
Ribes alpinum Sturm49.jpg
Див огрозд (Ribes divaricatum)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Каменоломовидни
Семејство: Огрозди
DC.
Род: Рибизла
L.
Видови

во текстот.

Рибизла (науч. Ribes) — род од околу 150 видови на цветни растенија со потекло умерените краишта на северната полутопка. Се смета за единствениот род на фамилијата огрозди (Grossulariaceae). Признаени се 7 подродови.

Некои таксономи го ставаат огроздот во посебен род Grossularia.

Употреба[уреди | уреди извор]

Храна[уреди | уреди извор]

Во оваа фамилија спаѓаат рибизлите, и тоа јадливите (црна рибизла, црвена рибизла и бела рибизла), огроздот, како и многу други украсни растенија.

Рибизлите се храна за ларвите на некои видови пеперуги. Рибизлата се послужува како десерт. Од рибизлите се прави мармалад, џем, желе, сируп или многу барани овошни сокови, и тоа од црната и црвената рибизла. Рибизлата се користи во слаткарството и во кулинарството како додаток во овошните салати. Познато е и виното од рибизла.

Лекување[уреди | уреди извор]

Коренот и семките на рибизлата содржат доста гама-линоленска киселина, делотворна како добар лек предменструален синдром.[1]Црната и црвената рибизла се мали и вкусни бобинки кои доколку ги конзумирате редовно, вашето здравје навистина ќе се подобри. Црната рибизла е билка која наликува на црвената, а разликата е во тоа што листовите на црната рибизла од долниот дел имаат маслени жлезди. Рибизлата има лековито дејство со оглед на количината на витамин Ц, а плодот на црната рибила спречува и оздравува од тешки инфекции, пред се од воспаление на белите дробови. Плодовите и сокот се многу корисни кај бубрежните болести и грчевитите болки на органите на дигестија.

Се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Листовите ја покренуваат работата на бубрезите и делуваат корисно кај сите појави на ревматските болести и гихтот, и кај згрутчувањето на крвта во крвните садови. Чајот од листовите на црната рибизла се препорачува кај водена болест, болно мокрење, пролив, мигрена, грчевито кашлање, како и против создавање на болести на мочниот меур. Црвната рибизла е грмушеста билка со висина од 1 до 2 метри, зависно од тлото и положбата. Некои видови растат во облик на мало дрвце кое има многу кршливи гранки.

Зеленкасто-жолтите цветови висат од гроздови. Големината на бобинките изнесува 5 до 7 сантиметри. Многу се сочни и во месото на плодот се наоѓаат долгнавести семки. Билката е без мирис, а бобинките на црвена рибизла го засилуваат апетитот, делуваат на зголемено излачување на жлездата за плунка, а поради многуте семки кои не се разградуваат ја регулираат работата на цревата.Имаат киселкасто-сладок и освежувачки вкус[2].

Во Република Македонија[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија, плантажно се одгледуваат црната, црвената и во помала мера, белата рибизла.[3]

Природно се застапени огроздот (Ribes grossularia), планинската рибизла (Ribes alpinum), многуцветната рибизла (Ribes multiflorum) и рибизлата камењарка (Ribes petraeum).[4]

Некои видови[уреди | уреди извор]

Црвени рибизли

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edible and Medicinal Plants of the West, Gregory L. Tilford, ISBN 0-87842-359-1
  2. M, Goran. „Рибизли – слатки задоволства кои носат здравје“, „Expres.mk“, 16 јуни 2017. (на en-US)
  3. Земјоделски гранки: Плантажно одлегување на рибизла, 6 август 2012
  4. „Рибизла“, Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1272

Надворешни врски[уреди | уреди извор]