Огнен Прстен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пацифичкиот огнен прстен
Глобални земјотреси (1900–2013)
Pictogram Ski Slope red.svg: Земјотреси со магнитуда 7,0 (длабочина 0–69 км)
RouteIndustriekultur Siedlung Symbol.svg: Активни вулкани

Огнениот Прстен (познат и како Тихоокеански Огнен Прстен, Огнен Појас, Огнен Обрач или Околупацифички Појас) е регион околу поголемиот дел од работ на Тихиот Океан кој се карактеризира со многу вулкански ерупции и земјотреси. Огнениот прстен е појас во облик на потковица со должина од 40,000 км[1] и ширина до околу 500 км.[2]

Огнениот прстен ги опфаќа бреговите на Тихиот Океан од Јужна Америка, Северна Америка и Камчатка, а и некои острови во западниот дел од Тихиот Океан. Иако геолозите претежно се согласни за сите области кои наоѓаат во Огнениот прстен, нема консензус за тоа дали треба во него треба да се вклучат и други области, на пример, Антарктичкиот Полуостров и западна Индонезија.

Огнениот прстен се појавува како резултат на тектонското движење на плочите: поконкретно сударот и уништувањето на литосферските плочи под и околу Тихиот Океан.[3] Судирите создале непрекината серија од зони на субдукција, на чие место се создаваат вулкани и има земјотреси.[4] Трошењето на океанската литосфера кај овие конвергентни граници на тектонските плочи е главна причина за формирање на океански ровови, вулкански лакови, задлачни басени и вулкански појаси.

Огнениот прстен не е хомогена геолошка структура. Вулканските ерупции и земјотреси во одреден дел од Огнениот прстен се случуваат независно од ерупциите и земјотресите во другите делови од Прстенот. [5]

Во Огнениот прстен има приближно 850-1.000 вулкани кои биле активни во последните 11.700 години (околу две третини од вкупниот број на вулкани во светски рамки).[6][7] Четирите најголеми вулкански ерупции на Земјата во последните 11.700 години биле од вулканите во Огнениот прстен.[8]

Денес, меѓу активните и заспаните вулкани од Огнениот прстен се наоѓаат појаси од постари изгаснати вулкани, формирани многу одамна со субдукција исто како и моментално активните и заспани вулкани; изгаснатите вулкани последен пат еруптирале пред многу илјади или милиони години.[9] Огнениот прстен постои повеќе од 35 милиони години[10] но субдукцијата постоела многу подолго во некои делови од Огнениот прстен.[11]

Повеќето од активните вулкани на Земјата со врвови над морското ниво се наоѓаат во Огнениот прстен.[12] Повеќето од овие вулкани се стратовулкани (како Планината Сент Хеленс), кои се создаваат со експлозивни ерупции на тефра, пропратени со ефузивни ерупции на лавини текови. Лавата кај стратовулканите во Огнениот прстен најчесто е андезит и базалтен андезит, но понекогаш може да е и дацит, риолит, базалт и некои други поретки видови.[13] Во Огнениот прстен има и други видови на вулкани, како штитести вулкани (на пр. Плоски Толбачик) и подводни планини (на пр Моновај).

Највисокиот активен вулкан во светот е Охос дел Саладо (6893 м), се наоѓа во Огнениот прстен во пределот на Андите. Овој вулкан е дел од границата меѓу Аргентина и Чиле и последен пат еруптирал во 750 година. Љуљаиљако (6739 м) е уште еден вулкан на границата меѓу Аргентина и Чиле (на Андите во Огнениот Прстен), и тој е највисокиот активен вулкан во светот, последен пат еруптирал во 1877 година.

Околу 76% од сеизмичката енергија на Земјата се ослободува во вид на земјотреси во Огнениот прстен.[14] Околу 90% [15] од земјотресите на Земјата и околу 81% [16] од најголемите земјотреси во светот се случуваат долж Огнениот прстен.[17] [18]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What is the Ring of Fire?“. NOAA. Посетено на 5 December 2020.
  2. Stern, Robert J.; Bloomer, S. H. (2020). „Subduction zone“. Access Science. doi:10.1036/1097-8542.757381.
  3. „Moving slabs“. This Dynamic Earth. USGS.
  4. Decker, R.W.; Decker, B.B. (1991). Mountains of Fire: The Nature of Volcanoes. Cambridge University Press. стр. 23. ISBN 978-0521321761.
  5. Klemetti, E. (26 January 2018). „No, the "Ring of Fire" is Not a Real Thing“. Discover. Посетено на 31 October 2020.
  6. Venzke, E, уред. (2013). „Volcanoes of the World, v. 4.3.4“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. doi:10.5479/si.GVP.VOTW4-2013.
  7. Siebert, L; Simkin, T.; Kimberly, P. (2010). Volcanoes of the World (изд. 3rd.). стр. 68.
  8. Oppenheimer, Clive (2011). „Appendix A“. Eruptions that Shook the World. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 355–363. ISBN 978-0-521-64112-8.
  9. Venzke, E, уред. (2013). „Volcanoes of the World, v. 4.3.4“. work=Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. doi:10.5479/si.GVP.VOTW4-2013. Недостасува права црта во: |work= (help)Venzke, E, ed. (2013). "Volcanoes of the World, v. 4.3.4". Global Volcanism Program. Smithsonian Institution.|doi:[[doi:10.5479/si.GVP.VOTW4-2013|10.5479/si.GVP.VOTW4-2013.
  10. Pappas, Stephanie (11 February 2020). „The lost continent of Zealandia hides clues to the Ring of Fire's birth“. Live Science.
  11. Schellart, W. P. (December 2017). „Andean mountain building and magmatic arc migration driven by subduction-induced whole mantle flow“. Nature Communications. 8 (1): 2010. Bibcode:2017NatCo...8.2010S. doi:10.1038/s41467-017-01847-z. PMC 5722900. PMID 29222524.
  12. „DESCRIPTION: "Ring of Fire", Plate Tectonics, Sea-Floor Spreading, Subduction Zones, "Hot Spots". vulcan.wr.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2005-12-31.
  13. Venzke, E, уред. (2013). „Volcanoes of the World, v. 4.3.4“. work=Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. doi:10.5479/si.GVP.VOTW4-2013. Недостасува права црта во: |work= (help)Venzke, E, ed. (2013). "Volcanoes of the World, v. 4.3.4". Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. doi:10.5479/si.GVP.VOTW4-2013.
  14. Duda, Seweryn J. (November 1965). „Secular seismic energy release in the circum-Pacific belt“. Tectonophysics. 2 (5): 409–452. Bibcode:1965Tectp...2..409D. doi:10.1016/0040-1951(65)90035-1.
  15. „Ring of Fire“. USGS. July 24, 2012. Посетено на June 13, 2013.
  16. „Where do earthquakes occur?“. USGS. May 13, 2013. Архивирано од изворникот на August 5, 2014. Посетено на June 13, 2013.
  17. „Earthquakes FAQ“. U.S. Geological Survey. Архивирано од изворникот на January 17, 2006.
  18. „Earthquakes Visual Glossary“. U.S. Geological Survey.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]