Овал (геометрија)
Овал (латински ovum - јајце) — во геометријата секоја рамна крива што е слична по облик на јајце или елипса. За разлика од другите криви, овалите не се добро дефинирани и затоа неколку различни криви се нарекуваат овали. Таквите криви имаат некои заеднички одлики:
- тие се изводни (глатки), едноставни (не се сечат), конвексни, затворени, рамнински криви,
- нивниот облик не се разликува премногу од кружница или елипса и
- имаат барем една оска на симетрија.
Овалот има C2 - глаткост. Може да се појават неколку случаи. Полукружница може да се здружи со половина елипса, две полукружници со отсечки или два кружни лакови може да се поврзат со два други кружни лакови (на сликите).
„Заоблениот правоаголник“ всушност не е овал, но тркачките патеки или спортските терени често се нарекуваат овали.
Други примери на овали се:
Облик на јајце
[уреди | уреди извор]Обликот на јајце е приближно сличен на топка за рагби (половина од издолжен сфероид и половина од сплескан сфероид) или елипсоид, каде главните оски имаат осна симетрија. Иако поимот во облик на јајце обично имплицира дека на телото му недостасува осна симетрија долж екваторијалната рамнина, може да се однесува на вистински издолжен сфероид.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Овал (геометрија) на Ризницата ?