ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци
Кочо Рацин
| |
---|---|
![]() Поглед на централното основно училиште „Кочо Рацин“
| |
Место | |
Општина: | Општина Могила |
Наречено по: | Кочо Рацин |
Нас. место: | Ивањевци |
Адреса: | с. Ивањевци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Општинско основно училиште „Кочо Рацин“ - Ивањевци; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во селото Ивањевци, Општина Могила.[1][2]
Училиштето е именувано по македонскиот поет Кочо Рацин.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа на крајот од селото, непосредно од левата страна на патот кој продолжува до Трновци. На местото на коешто се наоѓа училиштето во минатото постоела црква „Св. Никола“ околу која имало гробови, а при изградбата на училиштето целиот простор бил израмнет со земја.[3]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта:
- ПУ „Кочо Рацин“ - Долно Српци;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Трновци;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Свето Тодори;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Лознани;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Вашарејца; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Беранци.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Долно Српци се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот на училиштето
-
Објект во дворот на училиштето
-
Игралиште во дворот на училиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Директор“. македонски: Општина Могила. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ „Ивањевци Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.