Ното (полуостров)

Координати: 37°12′N 136°54′E / 37.2° СГШ; 136.9° ИГД / 37.2; 136.9
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ното
能登半島
Географија
МестоЈапонско Море
Координати37°12′N 136°54′E / 37.2° СГШ; 136.9° ИГД / 37.2; 136.9
Управување
ПрефектураИшикава

Ното (јапонски: 能登半島) — полуостров во средишниот дел на јапонскиот остров Хоншу. Се наоѓа во префектурите Ишикава и Тојама. Тоа е најголемиот полуостров на Хоншу во регионот на Јапонското Море. На североисток завршува со носот Роко. Неговите западни и северни брегови се речиси прави, додека источните се силно расчленети со неколку помали заливи (најголем е Нанао, во кој се наоѓа островот Ното — 46,78 км²), составни делови на големиот Тојамски Залив. Неговата топографија е ридска со максимална висина на планината Ходацу (567 м). Ридските делови се обраснати со листопадни шуми, а речните долини и рамнините се заземени со оризови насади. Населението е главно расположено по брегот, а најголемите населби и пристаништа се градовите Хакуи, Ваџима, Сузу, Ното, Нанао, Хими.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „能登半島“. kotobank.jp (јапонски). Архивирано од изворникот на 2022-07-27. Посетено на 2022-07-27. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Noto Peninsula | Location, Wajima, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2024-01-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]