Нос (Гогољ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нос – расказ од циклусот „Петроградски раскази“ на Николај Гогољ.

Содржина[уреди | уреди извор]

На 25 март, берберот Иван Јаковлевич се разбудил и побарал сопругата да му даде топол леб, но кога почнал да го сече лебот внатре го нашол носот на еден свој клиент. Уплашен да не го затворат, тој излегол надвор и од еден мост го фрлил носот во реката Нева, но тогаш го здогледал едeн полицаец. Истовремено, кога се разбудил, ситниот службеник Коваљов видел дека му го нема носот, излегол да го бара и го видел како влегува в црква, облечен како висок службеник. Во црквата, тој си го побарал носот назад, но без успех. Очаен, тој се обидел да даде оглас за изгубениот нос во весниците, но се откажал од таа намера. Разочаран, Коваљов си дошол дома, каде го посетил еден полицаец, кој му го вратил носот. За негова несреќа, носот не можел да се залепи за лицето. Во меѓувреме, низ целиот град се проширила веста за изгубениот нос. Сепак, еден ден, кога Коваљов се разбудил, си го нашол носот на своето место.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. N. V. Gogolj, Petrogradske pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 43-69.