Прејди на содржината

Дневникот на еден лудак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попришчин. Слика од Иљја Репин (1882)

Дневникот на еден лудак – расказ од циклусот „Петроградски раскази“ на Николај Гогољ. Првобитно, расказот бил објавен во неговата збирка „Арабески“ од 1835 година.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Аксентиј Иванов Попришчин, ситен службеник во една канцеларија, бил вљубен во ќерката на својот директор. Еден дождлив ден, тој ја видел ќерката на директорот, Софи, како влегува во една продавница и многу се изненадил кога забележал дека нејзиното куче Меџи зборува со друго куче. Со намера да открие нешто повеќе за директорот и за Софи, тој ги украл писмата што Меџи му ги испратила на другото куче. Читајќи ги, Аксентиј дознал дека Софи го гледала со потсмев и дека таа била вљубена во јункерот Теплов. Тогаш, тој побеснел и почнал да размислува за неправдите во светот, во кој едни незаслужено уживаат голем углед и богатство, а другите живеат во беда. Во меѓувреме, Аксентиј прочитал дека во Шпанија останал испразнет кралскиот престол. Постепено, тој започнал да си замислува дека го поставиле за крал на Шпанија и престанал да оди на работа, а кога конечно отишол таму, започнал да се однесува необично: не му обрнувал внимание на директорот, влегол во собата на Софи, а на документите се потпишал како Фердинанд VIII. Тогаш, Аксентиј бил затворен во болница за душевно болни луѓе.[2]

Осврт кон расказот

[уреди | уреди извор]

Без сомнение, неправдата и нерамноправноста се изворите на душевната болест на ситниот службеник Попришчин, која се јавува како последица на неговата способност да ја подобри својата положба. Тој ја проколнува својата состојба, прашувајќи се: Зошто токму тој е титуларен советник? Наспроти него, целото богатство оди во рацете на дворјаните и генералите кои, според зборовите на Попришчин, „трчаат на сите страни и се врткаат околу дворот и велат дека се патриоти“, а всушност, „мајката, таткото, бога, ќе ги продадат за пари, кариеристи, Јуди.“[3]

  1. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXX.
  2. N. V. Gogolj, Petrogradske pripovetke. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-127.
  3. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXXIII-XXXIV.