Женидба (Гогољ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Женидбакомедија на рускиот писател Николај Гогољ.

Ликови[уреди | уреди извор]

Главниот лик во драмата е дворскиот советник Потколесин кој не може да си најде соодветна жена, затоа што го бара совршенството. Истото го бара и Агафја, која постојано им наоѓа недостатоци на оние кои ја бараат за жена.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

За делото[уреди | уреди извор]

Гогољ започнал да ја пишува комедијата „Женидба“ во 1833 година, првата редакција била завршена во 1834 година, но тој не бил задоволен и го преработил текстот, најпрвин во 1835, а потоа и во 1836 година, додека крајната верзија ја завршил дури во 1841 година.[2] Премиерата на „Женидба“ била одржана во 1842 година, а претставата поминала неславно, а според критичарот Белински, за неуспехот многу повеќе се заслужни глумците отколку самото дело. Сепак, некои критичари му забележале на Гогољ дека во „Женидба“ нема ни заплет, ни расплет, ни типови, ни духовитост, па дури ни веселост. Современите критичари сметаат дека современиците на Гогољ не ја разбрале добро драмата, како дело со „отворена структура“ кое не се затвора во некоја дефинитивна форма.[3] Сепак, според некои критичари, оваа комедија не е достојна на името на Гогољ.[4]

Исто како „Ревизор“, и оваа комедија е многу популарна и до ден-денес останала да се прикажува во театрите ширум светот. Иако според својот заплет, таа е слична на многубројните водвиљи што се прикажувале во тоа време, сепак нема ништо заедничко со нив, туку претставува реалистичко дело во кое е дадена слика на средните општествени слоеви. Со ова дело, Гогољ се јавува како претходник на големиот руски реалистички драмски писател А. Н. Островски.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вељко Радовић, „Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Ревизор. Београд: Рад, 1986, стр. 7.
  2. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XVII-XVIII.
  3. Вељко Радовић, „Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Ревизор. Београд: Рад, 1986, стр. 7.
  4. Вељко Радовић, „Смешне згоде у Потемкиновом селу“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Ревизор. Београд: Рад, 1986, стр. 6.
  5. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XLIII.