Нада Богданова-Икономова
| Нада Богданова - Икономова | ||
| Родена | 3 август 1914
Солун, Кралство Грција | |
|---|---|---|
| Починала | 20 март 1987 (возр. 72) Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
| Националност | Македонка-Југословенка | |
| Народност | Македонка | |
| Занимање | правник, комунистички деец, првоборец, новинар | |
| Татко | Милан | |
Нада Богданова - Икономова, Нада Миланова (псев. Стојна) (3 август 1914 во Солун, егејскиот дел на Македонија — 20 март 1987 во Скопје, Македонија)[1] — правник, комунистички деец, првоборец, новинар и носител на Партизанска споменица од 1941.
Сопруга на Ѓорѓи Икономов, македонски фармацевт и поранешен градоначалник на град Скопје.
Животопис
[уреди | уреди извор]
Како студент во Белград, од 1937 година била кандидат,[2] а во 1940 година станала член на КПЈ. Во времето на НО-АВМ била член на МК на КПЈ во Скопје (1942), врска на ПК на КП за Македонија со партиските комитети во внатрешноста, со ЦВ на БРП(к) и со Јужна Србија и Косово.[1]
Во овој период живеела во Битола и била одговорна пред Партијата за работата со жените. Во нејзиниот дом престојувале илегалци . Пренесувала илеrгален материјал во Прилеп и Скопје.[2]
Како инструктор на ЦК на КПМ (ок. 12 јуни 1943 година), двапати била апсена од бугарската полиција во Скопје (1943), а потоа интернирана (мај 1944 година) во Симитли и Горна Џумаја. По враќањето била борец во четериесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ (септември 1944). По ослободувањето била член на АФЖ на Македонија, соработиник, а и потоа главен уредник на списанието „Македонка“.[3] Носител е на партизанска споменица од 1941 година.[2][4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 80. ISBN 9989-624-46-1.
- 1 2 3 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 997.
- ↑ Хаџиевска, Ивана; Коцевска, Јана (2022). АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ: Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952) Метод и пристап во истражувањето на „Македонка“ (PDF). Скопје: ЦИНИК. стр. 46. line feed character во
|title=во положба 60 (help) - ↑ „Македонска енциклопедија“ (PDF).
Книжевност
[уреди | уреди извор]* БИБЛ.: Пренесување на илегален материјал Од илегалната работа на КПЈ, †Просветена жена#, XV, Скопје, 1959, 10; Сеќавање за работата во Горно Врановци, Историските денови во Горно Врановци, Скопје, 1984, 162-165; Формите и содржините на работата со жените и женската младина во Битила 1941/1942 година, Битола и Битолско во 1941 i 1042, книга прва, Битола, 1978, 517-520.ИЗВ.: Зб. НОР, т. VII, кн. 2; Извори, т. I, кн. трета; Зборник на документ за учеството на жените од Македонија во Народнослободителната војна и Револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976. С. МЛ.