Прејди на содржината

Музика во Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Музиката на Србија го претставува музичкото наследство на Србија, како на српските автори, така и на музичката традиција на српскиот народ во Србија и во другите земји. Историјски гледано, на традиционална или „изворна” музика во регионот на Балкан, посебно влијаела келтска, византиска и турска музика, као и музика на западна Европа во последните два века.висториско и модерно. Српска музика разновидни традиционални музички стилови, кои се дел од пошироката балканска музичка традиција.

Музика од средниот век

[уреди | уреди извор]
Србин од Херцеговина пее на гусла

Византијски историчари оставиле сведоштва за постоење на музичари, пејача и свирачи на труба и жичани инструменти кај Јужните Словени. Траги на оваа музичка традиција се сочувани во додолски песни и игри. Со воведување на богослужение на словенските језици, овозможени се услови за создавање словенска црковена музика. Црквени текстови се рецитирани во еден, два или три тонови.

Српска музика се развива во рамки на Византиската музика, како за време на српската средновековна држава (12-15. век), така и за време под Османското царство. Пеењето било едногласно, а изведувано хорски или солистички. Песните изведени во тоа време се изведени од Октоехос (Осумгласник),колекција од религиозни песни посветени на Исус Христос. Меѓу композиторите од оваа ера се спомнува монахињата Ефимија.

Освен црковната музика, средновековната ера во Србија вклучувајќи традиционална музика, за која малку се знае, и дворска музика. За време на династијата Немањиќи, музичарите играле важна улога на кралскиот двор, а биле познати како свирални, глумци и праскавници. Меѓу владетелите познати по музичкото покровителство биле императорот Стефан Душан и деспотот Ѓураѓ Бранковиќ.

Пеење на српска епска поезија со векови е составен дел на српската и балканската музика. Во висорамнините на Србија и Црна Гора, овие долги песни обично се придружени на едножичена виолина, и се занимаваат со теми од историјата и митологијата. По османлиското освојување на Србија, музиката била збогатена со ориентални влијанија на сметка на српската народна музика. За време на отоманското владеење, српската вера и народната музика делумно се повлекле во илегала, бидејќи на луѓето им било забрането да поседуваат свој имот, да научат да пишуваат и читаат, а исто така не им било дозволено да користат музички инструменти. Меѓутоа, Србите беа доволно тврдоглави да очувуваат усна историја преку народни песни и песни рецитирани во придружба на гусли. Бранителиите и чуварите на српската уметност и култура во тие тешки времиња беа селаните кои свиреа на гусле, едножичен инструмент во облик на лејта. Како казна за свирење на музички инструмент, многу од овие музичари биле ослепувани од нивните угнетувачи. Како замена за музиката или орото, Србите измислиле тивко оро (танц) во кое синкопацијата на удирањето со стапалата станала моментална музичка придружба на народните играорци. Овој конкретен танц и денес се изведува. Германскиот поет Гете толку се восхитувал на српската поезија и фолклор што научил да зборува славеносрпски јазик, заеднички јазик што тогаш го зборувале Словените на Балканот и северните региони на Австриското Царство. Делата на Гете и Браќа Грим биле, исто така, главната инспирација во охрабрувањето на Јоханес Брамс, Карл Лоу, Тор Аулин, Антонин Дворжак, Леос Јаначек, Јозеф Сук, Петар Чајковски и Јозеф Марија Волфрам (1789-1839) да создаваат композиции засновани врз српска народна поезија и литература.[1] Познатата приспивна песна на Брамс е изведена од српска народна песна.

Стеван Стојановиќ Мокрањац
  1. Tomić, Dejan (2019). Srbi i evropski kompozitori: srpska muzika i Srbi u delima evropskih kompozitora, od XIX do početka XXI veka. Novi Sad: RTS. ISBN 978-86-6195-173-2; 978-86-81086-31-5