Оваа статија се однесува на/за чешки композитор. За луѓе со исто презиме, погл. Јаначек (презиме).
Леош Јаначек (на чешки: Leos Janacek /lɛoʃ ˈjanaːtʃɛk/), според крстеното име Лео Еуген Јаначек, 3 јули 1854 – 12 август 1928) бил чешки композитор, теоретичар, фолклорист, публицист и учител. Тој црпел инспирација од моравската и целата славјанска народна музика за да создаде еден оригинален, модерен музички стил.[1] До 1895 се посветувал главно на истражувањето на фолклорот и во прво време бил инспириран од некои свои современици како Антонин Дворжак.[1] Неговото подоцнежно дело ги вметнува неговите рани студии на фолклорот во едн модерна, високо оригинална синтеза, првпат воочена во операта Јенуфа, премиерно изведена во 1904 во Брно.[2] Успехот на Јенуфа (честопати нарекувана "Моравска народна опера") во Прага во 1916 му овозможил на Јаначек пристап до најголемите светски оперски сцени.[3][4] Најпознати се подоцнежните дела на Јаначек, вклучително симфониската поема Синфониета, ораториумотГлаголска миса, рапсодијата Тарас Булба, виолинските квартети, друга камерна музика и опери. Тој заедно во рангот со Антонин Дворжак и Бедрих Сметана, се смета за еден од најзначајните чешки композитори.[1][5]