Мончегорск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мончегорск (Мончегорск) е градот кој се наоѓа на крајниот северозапад, европски дел на Русија. Сместен е во централниот дел на Мурманската област и административно припаѓа на мончегорскиот градски округ, кој исто така е административен. Според проценките на Националната статистичка служба на Русија за 2016 година, градот имал 42.893 жители, а според бројот на населението Мончегорск е четвртиot по големина град во регионот Мурманск (после Мурманск, Апатити и Североморск).

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Мончегорск се наоѓа во централниот дел на Мурманската област и лежи на местото каде што во северното подножје монхетундра, се спушта кон езерото Имандра. Градот се наоѓа во рамките на Арктичкиот поларен круг и се наоѓа на околу 115 километри оддалечен јужно од административниот центар на регионот Мурманск. Реката Монча тече низ градот, според што го добила своето име.

Поради интензивна рударска активност, пошироката област околу градот до крајот на XX век била претворена во еден вид техногена пустош, но во последно време еколошката слика во градот се менува. Соодветни филтри се инсталирани на фабричките оџаци и одводи на отпадни води, а се врши интензивно пошумување на областите каде што е расчистена шумата.

Градот е поврзан со железница со станицата во Оленегорска, а нешто позападно проаѓа и траса на националниот автопат „Кола” кој Мурманск го поврзува со Санкт Петербург.

Историја[уреди | уреди извор]

Мончегорск се развил благодарение на рударството

Мончегорск се развил од работничкото население, формиан е во 1935 година, во близина на големите рудници со бакар и никeл, и заради големата економска важност на 20 септември 1937 година, добива званичен статус на град. Во периодот од 19381949 година градот бил седиште на Мончегорскиот реон, бил под директна администрација на регионалната влада по укинувањето на општинскиот регион. Од 2004 година, градот е седиште на Мончегорскиот градски округ.

Демографија[уреди | уреди извор]

Према подаците од пописот на населението од 2010 година, во градот живеело 45.361 житела, додека според проценките на националната статистичке служба за 2016 година градот имал 42.893 жители.[1]

По бројот на жителите Мончегорск во 2016 година се наоѓал на 364 место од 1.112 званични градови во Русија.

Привреда[уреди | уреди извор]

Мончегорски е еден од најважните центри за производство и преработка никел и бакар, а најзначаен економски објект во градот е компанијата „Нориљски никел“, која управува со рудниците и топилниците во градот. На околу 3 километри од градот се наоѓа воздушната база на Руската авијација.

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Град Мончегорск има потпишани уговори за национална соработка со следните места:[2]

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Численность населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2016 года“.
  2. Киселёв, А. А. (2008). „Города-побратимы Мурманской области“. Кольская энциклопедия. Т 1 (ру). Санкт-Петербург: КНЦ РАН: 502. Архивирано од изворникот на 28. 01. 2015. Посетено на 31. 10. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Градови Мурманске области Предлошка:Заполарни градови Русије Предлошка:Портал бар