Михаил Бојаџиев
Изглед
Михаил Бојаџиев | ||
Роден | 6 март, 1913 година Лерин, Кралство Грција | |
---|---|---|
Починал | 4 септември, 1944 година Стрмашево, Царство Бугарија |
Михаил Бојаџиев (6 март 1913 Лерин ― 4 септември 1944 во Стрмашево, Демир Капија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е на 6 март 1913 година во средишнозападниот македонски град Лерин, окупиран од грчките трупи за време на Балканските војни. Подоцна живеел во Битола, каде завршил локална гимназија. Се запишал на високото железничко училиште во Белград како вонреден студент. Започнал да работи во Сомбор, каде останал до окупацијата на Југославија. Во НОВ стапил во 1944 година. Станува командант на Деветтата македонска ударна бригада. Загинал на 4 септември 1944 година во село Стрмашево во престрелка со бугарските окупатори.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Сојуз на борци од НОАВМ - Битола“. web.archive.org. 2014-05-08. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 2022-03-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)