Милан Смиљаниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милан Смиљаниќ во 2009 година

Милан Смиљаниќ (роден 19 ноември 1986 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата во средниот ред. Моментално е во редовите на српскиот Суперлигашки клуб, во составот на ФК Партизан.

Почетокот на животот[уреди | уреди извор]

Милан Смиљаниќ бил роден во Калмар, Шведска, бидејќи неговиот татко Бранко, кој исто така бил професионален фудбалер, во тоа време настапувал за екипата на ФК Калмар АИК.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Партизан[уреди | уреди извор]

Милан Смиљаниќ подоцна се вратил во Србија и се приклучил во младинските редови на ФК Партизан. Под раководство на главниот тренер Владимир Вермезовиќ, тој го одиграл својот прв натпревар во лигашкиот дел против составот на ФК Сутјеска од Никшиќ, во втората полусезона од 2004–05 година.

Смиљаниќ, поминал извесно време играјќи за фармерскиот тим (тим во кој се создаваат и надградуваат новите таленти на екипата на Партизан) на ФК Телеоптик. За период од две години минати во тој клуб, одиграл повеќе од 50 официјални натпревари. На крајот станал и капитен на клубот и покрај неговата прилично мала возраст.

Еспањол[уреди | уреди извор]

На 18 јули 2007 година, шпанскиот клуб Еспањол се договорил со составот на Партизан за трансфер на Смиљаниќ. Сумата на средства за тој трансфер не била објавена, а договорот бил со важност од 5 години.[1] Својот прв натпревар во Ла Лига (Примера Дивисион-Шпанија) го имал на 26 август 2007 година, во поразот од 0:1 на домашен терен против составот на Реал од Ваљадолид.[2] Повеќето од неговите први две сезони во Каталонија ги поминал на клупата за резервни играчи, иако еден од неговите главни конкуренти, на истата позиција на која настапувал тимот, Иван де ла Пења, често бил повреден.[3]

По првичните неуспешни обиди на клубот да го испрати како позајмен играч во некој од клубовите за сезоната 2009–10, Смиљаниќ првите месеци од новата сезона ги поминал само на тренинзи, без да има добиено и дрес со соодветен број. Сепак, таков потег бил договорен кон крајот на месец јануари 2010 година. Тогаш тој во месец јуни, се приклучил со статус на позајмен играч на екипата на Спортинг од Хихон.[4]

Враќање во Партизан[уреди | уреди извор]

Во летото 2010 година, Милан Смиљаниќ бил позајмен во неговиот поранешен матичен клуб Партизан.[5] Откако му истекол периодот за позајмен играч, тој се вратил во Шпанија и го договорил раскинувањето на договорот со клубот од Барселона, Еспањол.[6]

Смиљаниќ на 16 август 2011 година потпишал постојан договор со екипата на Партизан, склучувајќи договор со важност од две години.[7]

Генчлербирлиги[уреди | уреди извор]

На 29 мај 2013 година, било објавено дека екипата наГенчлербирлиги СК ги договорил условите со Милан Смиљаниќ за да се потпише договорот. Во тој период Смиљаниќ бил слободен агент (слободен играч).[8] Тој се појавил на само четири натпреварувачки натпревари за време на неговиот престој во клубот. Неговиот прв натпревар во Супер лигата бил на 19 октомври 2013 година во поразот на домашен терен со резултат од 1:3 против екипата на Касимпаша СК.

Смиљаниќ бил ослободен од составот на Генчлербирлиги на 30 јуни 2015 година.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

На 30 јули 2015 година, Милан Смиљаниќ му се приклучил на составот на ФК Макаби Нетања со потпишан договор по принципот 1+1 (една сезона со можност за уште една).[9] Тој го напуштил Израел на 9 август 2016 година, преселувајќи се заедно со сонародникот Небојша Маринковиќ во клубот од А-лигата Перт Глори ФК (Австралија).[10] На 16 февруари 2017 година, тој го напуштил клубот со взаемно раскинување на договорот за да ги истражи можностите за настап некаде во Азија.[11]

На 15 јуни 2017 година, Милан Смиљаниќ се вратил во израелската Премиер лига и потпишал со новопромовираниот тим од првата лига, екипата на Фк Хапоел Ашкелон.[12]

Партизан, трет пат[уреди | уреди извор]

Во месец јуни 2018 година, Смиљаниќ по трет пат се вратил во својот матичен клуб, обврзувајќи се на двегодишен договор.[13] Во месец јуни 2019 година бил назначен за заменик капитен на составот на Партизан од Белград.[14]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

По сезоната 2006–07, Милан Смиљаниќ бил повикан од првиот тренер на Србија за играчи до 21 година, Мирослав Ѓукиќ, за да биде дел од неговиот тим за Европското првенство на УЕФА 2007 година. Тој му помогнал на националниот тим да заврши како вицешампион (второ место) на турнирот, веднаш зад домаќинот Холандија.[15]

Милан Смиљаниќ својот целосен прв натпревар за сениорската репрезентација на Србија го имал на 22 август 2007 година, во поразот од 2:3 против репрезентацијата на Белгија во Брисел. Тоа бил натпревар од квалификациите за УЕФА ЕВРО 2008. Во месец јули наредната година тој бил избран за да настапува во тимот од 18 играчи за Летните олимписки игри 2008. На чело со тренерот Ѓукиќ репрезентацијата на Србија на тие олимписки игри се рангирала на последното место во нејзината група.[16]

Наредната година, Смиљаниќ се појавил на Европското првенство за играчи до 21 година во 2009 година и тоа како капитен на тимот. Неговата репрезентација не успеала да го повтори успехот од претходното првенство одржано во Холандија. Овој пат составот на Србија, на првенството одржано во Шведска, не успеала да ја мине групната фаза.[17]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на крајот од натпреварите во сезоната 2019–20[18]
Клупски перформанси Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Сезона Клуб Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
2004–05 Партизан Суперлига 2 0 0 0 0 0 2 0
2005–06 15 1 1 0 0 0 16 1
2006–07 31 0 3 1 8 0 42 1
2007–08 Еспањол Ла Лига 30 0 4 0 –– 34 0
2008–09 17 0 5 0 22 0
2009–10 0 0 0 0 0 0
Спортинг од Хихон 6 0 0 0 –– 6 0
2010–11 Партизан Суперлига 18 1 3 0 7 0 28 1
2011–12 23 0 3 0 1 0 27 0
2012–13 24 1 1 0 6 0 31 1
2013–14 Генчлербирлиги Турска Супер Лига 1 0 3 0 –– 4 0
2015–16 Макаби Нетања Израелска Премиер Лига 31 0 6 0 –– 37 0
2016–17 Перт Глори А Лига 15 0 1 0 –– 16 0
2017–18 Хапоел Ашкелон Израелска Премиер Лига 29 1 4 0 –– 33 1
2018–19 Партизан Суперлига 13 0 4 0 2 0 19 0
2019–20 7 0 1 0 0 0 8 0
2020–21 6 0 0 0 1 0 7 0
2021–22 7 0 2 0 2 0 11 0
Вкупно во кариерата 275 4 37 1 27 0 344 5

Меѓународна статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на на 31 Мај 2008[19]
Србија
Година Натпревари Голови
2007 година 2 1
2008 година 4 0
Вкупно 6 1

Репрезентативни голови[уреди | уреди извор]

# Дата Место на одигрување на натпреварот Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1. 17 октомври 2007 година СтдионТофик Бахрамов, Баку, Азербејџан  Азербејџан 5–1 6–1 Квалификации за ЕП 2008

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „El Espanyol cierra la plantilla con el serbio Smiljanic“ [Espanyol close roster with Serbian Smiljanic] (шпански). Terra. 18 July 2007. Посетено на 1 January 2010.
  2. „Espanyol 0–1 Valladolid“. ESPN Soccernet. 26 August 2007. Посетено на 27 October 2011.
  3. „Finnan, Callejón y Smiljanic se estrenan en una convocatoria“ [Finnan, Callejón and Smiljanic make squad for the first time]. El Economista (шпански). 19 September 2008. Посетено на 29 June 2018.
  4. „Lola Smiljanic, cedido al Sporting de Gijón hasta final de temporada“ [Lola Smiljanic, loaned to Sporting de Gijón until end of season]. Diario AS (шпански). 26 January 2010. Посетено на 15 June 2013.
  5. „Smiljanić nova akvizicija crno-belih“ [Smiljanić new acquisition of Black and Whites] (српски). FK Partizan. 23 July 2010. Архивирано од изворникот на 16 April 2013. Посетено на 18 August 2011.
  6. „Lola deixa l'Espanyol“ [Lola leaves Espanyol] (каталонски). RCD Espanyol. 11 August 2011. Посетено на 18 August 2011.
  7. „Smiljanić ponovo u Partizanu!“ [Smiljanić returns to Partizan!] (српски). FK Partizan. 16 August 2011. Архивирано од изворникот на 16 April 2013. Посетено на 18 August 2011.
  8. Смиљанић сутра потписује за Генчлер [Smiljanić signs tomorrow with Gençler]. Sportski žurnal (српски). 29 May 2013. Посетено на 30 May 2013.
  9. סמיליאניץ' ועומר בוארון חתמו במכבי נתניה [Smiljanić and Omer Buaron signed with Maccabi Netanya] (хебрејски). Sport 5. 30 July 2015. Посетено на 31 July 2015.
  10. „Glory signs second international Serbian“. Perth Glory. 9 August 2016. Посетено на 9 August 2016.
  11. Davidson, John (16 February 2017). „Smiljanic departs Perth“. FourFourTwo. Посетено на 16 February 2017.
  12. Karako, Amit (15 June 2017). רכש נוסף לנעים: סמיליאניץ' חתם בהפועל אשקלון [Another present for Naim: Smiljanić signed with Hapoel Ashkelon] (хебрејски). One. Посетено на 15 June 2017.
  13. „Lola Smiljanić treći put u dresu Partizana“. B92.net (српски). Посетено на 2019-08-03.
  14. „Partizan ima novog kapitena“. Sportska centrala (српски). 2019-07-03. Посетено на 2019-08-03.
  15. „Jong Oranje clinch European crown“. UEFA. 24 June 2007. Посетено на 11 February 2016.
  16. „Milan Smiljanic“. FIFA. Архивирано од изворникот на 9 August 2008. Посетено на 15 June 2013.
  17. „Captain's tears show Serbia dismay“. UEFA. 24 June 2009. Посетено на 1 January 2010.
  18. „M. Smiljanić“. Soccerway. Посетено на 24 February 2015.
  19. „Milan Smiljanić“. European Football. Посетено на 1 August 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]