Прејди на содржината

Месџид ел-Харам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Месџид ел-Харам
Al-Masjid al-Ḥarām
Религија
Припадностислам
Локација
ЛокацијаМека, Саудиска Арабија
Карта
Географски координати21°25′19.2″N 39°49′33.6″E / 21.422000°N 39.826000°E / 21.422000; 39.826000
Архитектура
Типџамија
Стилисламската архитектура
Завршена во638, 1571
Спецификации
Капацитет4,000,000
Минаре(иња)9

Месџид ел-Харам (на арапски: المسجد الحرام, Света џамија) е џамија која се наоѓа во Мека, Саудиска Арабија. Ова е најголемиот муслимански храм во светот. Во самиот нејзин двор се наоѓа и Ќабата. Самата плоштина на џамијата зазима место од 356 800 м2 и се претпоставува дека може да собере околу 4 000 000 луѓе, како една од најголемите градби на човештвото. Според исламот, џамијата била изградена од страна на ангелите пред да биде создаден човекот, кога Бог наредил на земјата да биде определено местото за богослужба.

Се верува дека првата Ќаба била изградена од ангелите и дека Адам е првиот човек којшто ја изградил повторно. Во текот низ историјата самата џамија била многупати разрушувана и повторно изградена. Според исламот, таа била изградена од страна на Ибрахим и неговиот син Исмаил.