Масатоши Накајама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Накајама Масатоши (јапонски: 中山 正敏, Префектура Јамагучи, 13 април 1913Токио, 15 април 1987) бил мајстор во шотокан карате кој прв достигнал 10 дан.[1][2][3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Накајама е роден во префектурата Јамагучи.[2][4][5] Со карате почнал да се занимава по уписот во Универзитетот Такушоку 1932 година, каде што се обучувал со Гичин Фунакоши и синот на Фунакоши Гиго Фунакоши. Накајама студирал кинески и отишол во Кина како преведувач и дел од тимот за спасување на силите на јапонската инвазија 1937 година. Се вратил во Јапонија во 1946 година.

Во 1949 година тој ја основал Јапонската карате асоцијација со Гичхин Фунакоши како главен инструктор,. Тој ги претставил карате катата и кумитот како турнирски дисциплини. Постигнал невиден успех во педесеттите години на турнирот и шеесеттите години од минатиот век. Накајама исто така е познат по тоа што работел на проширувањето на шотокан карате низ целиот свет. Заедно со неговиот учител Фунакоши ја основал програмата за обука на инструктори за JKA. Високо обучени дипломирани студенти на оваа програма основал туторијали во повеќе од сто различни земји во светот. За жал, по смртта на Накајама JKA била поделена, и многу истакнати инструктори имаат воспоставено свои здруженија.

Книги[уреди | уреди извор]

Накаџама напиша неколку книги за карате. Тој е автор на серијата Најдобро карате, како и книгата "Динамичко карате". Неговите книги се користат во многу држави во светот.

Познати ученици[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]