Марко Јагодиќ Куриџа
Марко Јагодиќ Куриџа (Задар, 15 мај 1987) е српски кошаркар. Тој играл на позицијата крилен напаѓач, а моментално настапува за Будуќност.
Биографија
[уреди | уреди извор]Јагодиќ Куриџа е роден во Задар и таму живеел до 1995 година, кога со семејството побегнал во Пожега поради војната во Хрватска.[1] Започнал да се занимава со кошарка во Пожега, а по завршувањето на основното училиште заминал во Суботица каде ја поминал целата школа на Спартак.[2] По Спартак, преминал во КК Нови Сад, со кој настапувал во Српската кошаркарска лига. Подоцна играл и за Борец од Бања Лука, а најдобрите партии ги одиграл во екипата на Чапљина Ласта, каде бил прогласен за најкорисен играч во првенството на БиХ во сезоната 2011/12.[3]
Во јули 2012 година, тој потпишал договор со Цибона, со што станал првиот Србин кој играл во овој загрепски клуб по војната.[4] Во првата сезона со Цибона, ја освоил двојната круна, првенството и Купот на Хрватска. Во следната сезона со загрепскиот клуб ја освоил Јадранската лига, прва во историјата на клубот, откако Црвена Ѕвезда и Цедевита биле поразени во Белградска арена.[1] На почетокот на јануари 2016 година, по три и пол сезони во клубот, тој ја напуштил Цибона.[5] Набргу потоа се преселил во Нимбурк, со кого останал до крајот на сезоната и го освоил чешкото првенство.[6] После тоа, тој поминал две сезони во тимот на Остенде, каде што освоил две шампионски титули и Купот на Белгија.
Во јуни 2018 година потпишал договор со тимот на Приморска.[7] Бил еден од клучните играчи на Приморска во сезоната 2018/19 во кој биле освоени дури четири трофеи (првенство на Словенија, АБА 2 лига, Куп на Словенија и Суперкуп на Словенија).[8] Од индивидуални признанија освоил награди за најкорисен играч на словенечкиот Суперкуп, како и на плејофот од втората Јадранска лига.[9][10] Во јуни 2019 година, потпишал нов договор со Приморска,[11] но во декември истата година го напуштил клубот и потпишал за Црвена Ѕвезда до крајот на сезоната 2020/21.[12] Тој со Црвена ѕвезда во сезоната 2020/21 го освоил Купот Радивоје Корач (добил награда за најкорисен играч во финалниот натпревар),[13] Јадранската лига, а потоа и титулата српски шампион.
За сезоната 2021/22 потпишал договор со екипата на подгорички Будуќност.[14]
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Своето деби за српската репрезентација го имал на 25 ноември 2021 година, против Латвија во квалификациите за Светското првенство 2023 година.[15]
Успех
[уреди | уреди извор]Клубски
[уреди | уреди извор]- Цибона:
- Јадранска лига (1): 2013/14.
- Хрватско првенство (1): 2012/13.
- Куп на Хрватска (1): 2013 година
- Нимбурк:
- Чешко првенство (1): 2015/16.
- Остенде:
- Белгиско првенство (2): 2016/17, 2017/18.
- Белгиски куп (2): 2017, 2018 година
- Приморска:
- Втора Јадранска лига (1): 2018/19 .
- Словенечко првенство (1): 2018/19.
- Куп на Словенија (1): 2019 година
- Словенечки Суперкуп (2): 2018, 2019 година.
- Црвена Ѕвезда:
- Српско првенство (1): 2020/21.
- Јадранска лига (1): 2020/21.
- Куп Радивоје Корач (1): 2021 година.
Поединечни
[уреди | уреди извор]- Најкорисен играч на словенечкиот Суперкуп (1): 2018 година.
- Најкорисен играч во плеј-офот од Втората Јадранска лига (1): 2018/19 година.
- Најкорисен играч во финалето на Купот Радивоје Корач (1): 2021 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Ко каже да Србин није освојио Јадранску лигу?!“. mozzartsport.com. 2 мај 2014. Архивирано од изворникот на 3 јуни 2018. Посетено на 14 август 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Куриџа: Нека ми купе 'гајбу' и не идем никамо из Загреба“. vecernji.hr. 20 октомври 2013. Посетено на 14 август 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Марко Јагодић Куриџа: Цибона изазов каријере“. glassrpske.com. 22 јули 2012. Посетено на 17 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Јагодић први Србин у Цибони од рата“. b92.net. 23 јули 2012. Посетено на 4 април 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Марко Јагодић Куриџа напустио редове Цибоне“. cibona.com. 2 јануари 2016. Посетено на 27 јуни 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Нимбурк до 13. узастопне титуле са +49“. b92.net. 23 мај 2016. Посетено на 27 јуни 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Бивши шампион АБА лиге појачао Приморску!“. basketballsphere.com. 20 јуни 2018. Архивирано од изворникот на 19 декември 2019. Посетено на 19 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Са четири трофеја стигли у АБА лигу: Приморска ће брзо имати прилику да помрси рачуне фаворитима“. novosti.rs. 28 септември 2019. Посетено на 17 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Сикст Приморска у првом покушају освојила словенски Суперкуп“. basketball.hr. 26 септември 2018. Посетено на 17 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Марко Јагодић Куриџа, кошаркаш Приморске и МВП Друге АБА лиге за "Глас Српске": Нисмо очекивали да ћемо се прошетати лигом“. glassrpske.com. 18 април 2019. Посетено на 17 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „МВП остаје у Приморској“. basketballsphere.com. 12 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 19 декември 2019. Посетено на 17 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Марко Јагодић Куриџа у Црвеној звезди“. kkcrvenazvezda.rs. 19 декември 2019. Посетено на 19 декември 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Napravio najveću razliku: Jagodić-Kuridža je MVP finala Kupa“. nova.rs. 15 февруари 2021. Посетено на 23 август 2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Zvanično: Jagodić Kuridža napustio Zvezdu i pojačao Budućnost“. mozzartsport.com. 24 јуни 2021. Посетено на 23 август 2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „JUNAK Najstariji debitant ikada potpisnik pobede "orlova", košarkaška javnost mu kliče ime! (VIDEO)“. alo.rs. 25 ноември 2021. Посетено на 25 ноември 2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)