Марија Абакумова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медали

Марија Абакумова
Женска атлетика
Натпреварувач за  Русија
Олимписки игри
Сребро 2008 Пекинг
Светски првенства
Бронза 2009 Берлин
Злато 2011 Тегу

Марија Василевна Абакумова (родена на 15 јануари 1986 во Ставропол) е руска атлетичарка која се натпреварува во фрлање копје.

На Летните олимписки игри - 2008, Марија уште во првата серија го обезбеди водството со далечина од 69,32 m. Во четвртата серија предноста успеа и да ја зголеми, фрлајќи 70,78m што претставуваше и нов европски рекорд, но во последната, шеста серија Барбора Шпотакова од Чешка го фрли копјето на далечина од 71,48m со што го освои златниот медал, а по што дотогаш водечката Марија Абакумова го освои сребрениот медал.

На светското првенство во Берлин во 2009, Абакумова го освои бронзениот медал со далечина од 66,02 m, а веќе на следното првенство во Тегу, во драматична завршница успеа да ја победи светската рекордерка, Барбора Шпотакова и да го освои првото место со нов личен и руски рекорд, префрлувајќи 71,99 m. Имено, уште во втората серија, таа префрли 71,25 m, што и во тој момент беше нејзин нов личен, како и нов рекорд на Русија. Но, во петтата серија Шпотакова префрли 71,58 m, со што успеа да ја симне од првото место, што траеше само до следното фрлање, во кое Абакумова го оствари победничкиот резултат.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]