Лора Лини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лора Лини
Лини во 2016 година
Роден(а)Лора Легет Лини
5 февруари 1964(1964-02-05)(60 г.)
Њујорк, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период1990–сè уште
СопружникДејвид Адкинс (1995–2000)
Марк Шауер (в. 2009)
Деца1

Лора Легет Лини (родена 5 февруари 1964 г.) — американска глумица.

Во својата кариера таа добила три номинации за Оскар, три номинации за наградата Тони и една номинација за БАФТА награда. Таа е добитник на четири Еми награди и два Златни глобуси. Првата Еми награда, Лини ја добила за изведбата во телевизискиот филм Дивата Ајрис (2001), а потоа за гостинската улога во Фрејзер (2003–04) и за улогата во минисеријата Џон Адамс (2008) добила уште две Еми награди. Во периодот 2010–13, таа играла главна улога во серијата Големиот Р, за која добила Златен глобус за најдобра глумица во ТВ серија и четврта Еми награда.

Првиот настап на Бродвеј, таа го имала во 1990 година, и за својата работа во театарот таа добила три номинации за наградата Тони, и тоа за обновената претстава Искушение (2002) и за оригиналните претстави Невидена глетка (2004) и Времето стои (2010). Прва филмска улога таа играла во филмот Лоренцовото масло, а во продолжението на својата кариера таа била номинирана за Оскар за изведбите во филмовите Можеш да сметаш на мене (2000), Кинси (2004) и Семејството Севиџ (2007). Лини играла забележителни улоги и во филмовите Исконски страв (1996), Шоуто на Труман (1998), Мистична река (2003), Всушност љубов (2003), Лигната и китот (2005) и Господин Холмс (2015). Во 2016 година, таа глумела во критички пофалените филмови „Чудото од Хадсон“ и „Ноќни животни“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]